Ако сакате да имате спектакуларна торта која ќе биде зборувана со години од вашите пријатели, ова е рецептот за најубавата. Денес малку подзаборен рецепт кој најмногу го правеле нашите баби и бил скришно чуван во тефтерите.
Највкусната старинска чоколадна торта со ореви: Десерт со традиција чиј вкус ве маѓепсyва. Рецептот за оваа торта го наследив од мојата баба Љуба (која ја нарекуваше „жолто-црна” торта).
![]()
![]()
![]()
![]()
И задолжителнно се правеше за сите родендени и прослави. Овој рецепт се пренесува од колено на колено, па доколку сте го изгубиле низ тетратките и тефтерите, запишете си го повторно. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЖОЛТА КОРА: 7 јајца, 7 лажици шеќер. 7 лажици брашно. ЗА ЦРНА КОРА: 7 јајца, 7 лажици шеќер, 14 лажици мелени ореви, 3-4 лажици брашно. ЗА ФИЛ: 5 јајца, 250 г шеќер (или по вкус), 200 г растопено чоколадо, 250 г путер/маргарин.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОДГОТОВКА НА ЖОЛТАТА КОРА: Јајцата пенасто изматете ги заедно со шеќерот. Матете со миксерот на најголема брзина додека шеќерот да се растопи и да се зголеми волуменот на јајцата. Потоа постепено додадете 7 лажици брашно и продолжете со матење.
![]()
![]()
![]()
![]()
Добиената смеса излејте ја во плех или тепсија/калап за торти (24 см) обложен со хартија. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, а после 10 минути намалете на 180 степени, вкупно околу половина час.

Печената кора извадете ја да се лади на решетка, а кога целосно ќе се излади, пресечете ја хоризонтално на две тенки кори.





ЗА ЦРНА КОРА: Добро изматете 7 јајца со 7 лажици шеќер, исто како и за претходната кора, а потоа со лажица се додаваат 14 лажици мелени ореви и 3-4 лажици брашно. Се меша со лажица или шпатула, а состојките се додаваат постепено, малку по малку.

![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата се излева во истиот калап и се пече во загреана рерна на 180 степени, по 10-тина минути се намалува на 160 степени и вкупно се пече 40 минути. Печената кора изладете ја целосно, па пресечете ја хоризонтално на две тенки кори.
![]()
![]()
![]()
![]()
ЗА ФИЛ: Ова е класичен рецепт за чоколаден фил кој се вари на пареа. Во кремот по желба може да додадете и еден цврсто сварен пудинг од чоколадо (1 пудинг со 250 мл млеко) за да се добие поголема количина.
![]()
![]()
![]()
![]()
Изматете ги јајцата заедно со шеќерот со миксер додека убаво да се соединат, па садот ставете го врз друг поголем сад со вода која врие и варете со постојано мешање додека да се згусне. Во сварениот крем додајте го чоколадото и соединете го.
![]()
![]()
![]()
![]()
Оставете малку да излади, па изматете го со миксер. Кога целосно ќе се олади, во кремот додајте го путерот (омекнат на собна температура) и продолжете да миксирате додека да добиете убав мазен крем.
РЕДЕЊЕ: (Секоја кора малку натопете ја со неколку лажици млеко) жолта кора – ¼ фил – црна кора – ¼ фил – жолта кора – ¼ фил – црна кора – остатокот од фил за премачкување на целата торта и ореви за декорација. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
































