ПРАЗНИЧНА ПЛЕТЕНКА ОД СВИНСКО МЕСО…Вкусно и декоративно…прсти да излижеш! Пригответе изненадување за вашите најблиски и послужете ги со ова многу вкусно јадење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 долго парче свинско филе
тенки ленти сланина (по потреба)
сол, црн пипер, масло
1 лажица путер
1 главица лук
3 гранчиња рузмарин
кечап

ПОСТАПКА:

1.Филето пресечете го на половина (по должина) за да добиете две плетенки. Потоа секое парче исечете го на три ленти.

2.Посолете го и запиперете го месото и добро истријте го низ прсти за да навлезат зачините. Секое парче обложете го одозгора со тенка лента сланина.

3.Едниот крај на трите ленти врзете со готварски конец, па откако ќе се фиксира, сплетете ја плетенката така што сланината секогаш да биде од горната страна. Врзете го и другиот крај со конец.

4.Повторете ја постапката и со втората плетенка.

5.Во тава сипете малку масло и путер да се загреат на умерена температура. Ставете една главица лук пресечете на половина и три гранчиња рузмарин. Динстајте 2 минути.

6.Спуштете ги плетенките во тавата и пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат. Потоа ставете ги во огноотпорен сад и полијте ги со ароматичното масло во кое се пржеа.

7.Премачкајте ги со кечап, прекријте ги со фолија и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Послужете со салата. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/5qvMEPktveA?si=IGjyptcJLvRw0TjL