Ако ги сакате домашните пити, но не сте премногу вешти со развлекување или тегнење на тенки, тогаш овој рецепт запишете си го, затоа што често ќе го правите. Се приготвува многу слично на влашката пита, а како фил можете да употребите што сакате по вкус. Еве што ви е потребно:

 




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл, за тепсија 40 см): 3 чаши топла/млака вода, 1 кесичка сув квасец (10 г), 1 супена лажица шеќер, 1,5 мала лажичка сол, 6 чаши брашно (може да варира – помалку или повеќе). За премачкување: 1 жолчка + 3 лажици млеко. За фил: 500 г фета сирење + 1 чаша крем сирење или урда. И уште 125 г растопен путер




ПОСТАПКА: Најпрво треба да се активира квасецот, но бидејќи користиме сув квасец, ќе го прескокнеме тој чекор. Во подлабок сад ставете го квасецот со една лажица шеќер и додајте ја топлата вода. Добро промешајте за да се растворат состојките.




Потоа започнете постепено да го додавате брашното, а со брашното додајте и една ипол кафена лажичка сол. На почетокот мешајте со лажица додека да згусне тестото, а потоа замесете го со рака. Ќе ви бидат потребни приближно 6 чаши брашно, но оваа количина може да варира.




Тестото треба да биде меко и малку да се лепи за рака. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го во топла просторија без провев, да ферментира и стасува додека да го удвои волуменот, околу еден час.




Додека стасува тестото вие пригответе го филот. Во овој случај тоа е сирење кое треба да се изрони, а за да биде покремасто додајте му една чаша крем сирење или свежа урда. Секако, може да додадете и спанаќ или нешто по ваш вкус.




Стасаното тесто истресете го врз набрашнета површина. Тоа и натаму е меко и лепливо, па затоа користејќи го брашното нежно формирајте топка. Поделете го тестото на приближно 4 еднакви делови, а од секој дел обликувајте топче.




Секое топче премачкјате со растопен путер како од горната, така и од долната страна. Потоа вака намастени топчињата започнете да ги развлекувате со прстите, почнувајќи од средината, па кон надвор. Не ви е потребна оклагија, бидејќи тестото е меко и лесно со развлекува само со раце.




Кората премачкјате ја со путер и оставете ја настрана додека ги развлекувате другите три. Врз кората наросете сирење (фил) и уште малку натапкајте го во тестото. Наросете малку растопен путер, па одозгора поклопете со втора кора.




Повторно распоредете фил, малку наросете растопен путер, и повторете ја постапката додека да се потроши материјалот (оставете малку фил). Завршете со кора која одозгора треба само да се премачка со растопен путер.

Со дланките развлечете уште малку, па кората исечете ја на половина, па врз едната половина повторно ставете фил и поклопете со другата половина, така да формирате правоаголник.




Повторно развлечете со рацете за да се соединат двете парчиња во еден правоаголник, па и него пресете го на половина и повторно поклопете ги двете парчиња едно врз друго. На овој начин ќе добиете многу убаво лиснато тесто, но далеку поубаво од него.

Потоа исечете тенки лентички со широчина од приближно 1,5 см. Лентите спирално виткајте го (како кога цедите крпа), а потоа редете ги со надврзување на претходната, во вид на полжав, во тепсија 40 см, претходно намастена.

Вака наредена питата покријте ја со фолија или крпа и оставете ја да стасува 15-30 минути додека да се удвои. Потоа премачкјате ја со изматена жолчка во која сте додале малку млеко и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени, додека убаво да зарумени. Деталите погледнете ги ОВДЕ.