Потребни состојки:

500 г бело чоколадо

75 г суви брусници со вкус на малина или обични

100 г сечкани несолени фстаци

Постапка:

Чоколадото растопете го на пареа.

Брусниците и фстаците исечкајте ги на помали парчиња и третина од нив оставете на страна.

Растопеното чоколадо додадете го во две третини брусница и фстаци и сето тоа добро промешајте го.

Во калап со величина 17х27 см обложен со хартија истурете ја цела смеса, а одозгора наросете го остатокот од сечкана брусница и фстаци.

Оставете неколку часа во фрижидер или најдобро преку ноќ.

Пред да го исечете на коцки по ваша желба, оставете малку на собна температура, околу половина час, зошто ако веднаш почнете со сечење, ќе ви пука и ќе се крши.

Послужете со кафе или спакувајте во убава кутија, завиткајте со машна и подарете за Нова година.

За вас кои имате калапчиња за пралини, растопеното чоколадо измешајте го со сечкани брусници и фстаци, ставете во калапчиња и оставете неколку часа во фрижидер убаво да се стегнат, истиснете од калапот и послужете. 

Исто така, ако користите калапи намалете ја количината на состојките.

По желба можете да додадете друго суво овошје и различни јаткасти плодови, екстратни масла со вкус на портокал, лаванда, лимон…

Од оваа смеса можете да правите и конфети, со лажичка капнувајте врз мрсна хартија, па изладени вадете ги и ставајте ги во хартиени корпички.

coolinarika.com (Pomoravka)