ПРАКТИЧНО…Вака ја сечам зелката и сите сарми ми се еднакви по големина, а виткањето е лесно како песна…Овие сарми ги подготвувам од слатка зелка, но подеднакво се вкусни како и од ферментираната. Еве кои состојки ги користам:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 голема главица зелка
вода + 1/2 лимон
500 г мелено месо
1 чаша измиен ориз 120 г
1/2 китка магдонос
1 главица кромид, ситно сечкан
сол, црн и црвен пипер, зачини по вкус
1 чешне лук, рендано
1 лажица доматна паста 10 г
80 мл масло (мал филџан за кафе)

За прелевање на сармата:
2 лажици доматна паста
5 лажици масло
400 мл вода
малку сол
4 ловорови листови

ПОСТАПКА:

Зелката засечете ја прво на три еднакви дела (само површински, а потоа и до крај). Двата крајни дела засечете ги на половина, а средишниот дел на три дела. Ќе добиете коцки.

Површинските делови ставете ги во врела вода во која сте додале сок од половина лимон и гответе ги на тивок оган колку малку да омекнат. Тврдите делови од зелката (долните) не ги користите.

Во меленото месо додајте го оризот и сите останати состојки, па зачинете по вкус и добро измешајте. Филувајте ги листовите и виткајте ги.

Сармите наредете ги во тенџере и залијте ги со доматниот сос. Додајте ловоров лист по вкус, поклопете и гответе на умерена температура додека да испари вишокот течност и сармите да омекнат. Постапката погледнете ја ОВДЕ: