Практични и лесни СУСАМ ТОПЧИЊА за секој ден…многу се вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 125 мл):

125 г омекнат путер или маргарин
1 јајце
1 мала чајна чаша масло (125 мл)
2 рамни лажици шеќер во прав
1,5 лажици јаболков оцет
1 лажичка сол
1/2 кесичка прашок за печиво
3,5 чаши брашно

За натопување и валање:
2 лажици меласа од грозје (маџун)
Помалку од половина чајна чаша вода
печен сусам за валање

ПОСТАПКА:

1.Омекната маст, маслото, јајцето, оцетот, шеќерот во прав, солта и прашокот за печиво на собна температура измешајте ги во садот за месење.

2.Со контролирано додавање на брашно замесете тесто кое не се лепи, но лесно се обликува.

3.Кинете мали парчиња од тестото, обликувајте ги во топчиња и оставете ги настрана.

4.Измешајте ги меласата и водата во еден сад а во друг сипете го печениот сусам.

5.Топчињата најпрво потопувајте ги во вода со меласа, а потоа во сусам и наредете ги во плех обложен со хартија за печење, на соодветно растојание.

6.Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/DDERUL4_Kb0?si=L-359pTV-1ERX1Fw