Михаил Лабковски е еден од најпознатите и најпочитуваните психолози чии совети, мисли и размислувања ги почитуваат и сакаат луѓето ширум светот. Неговите зборови се цитираат и прераскажуваат, а лекциите остануваат цел живот. Еве кои работи тој ги смета за неуспех во животот и дознајте дали можеби се пронаоѓате во неговите зборови.
Лабковски зад себе има над 25 години работно искуство и куп научни трудови, но секогаш зборува за „животни“ работи на начин со кој секој може да се поистовети. Еве ги неговите размислувања за неуспехот, ви ги пренесуваме во целост:
Многумина мислат дека работата како чувар или живеењето со мајка на 40 години е неуспех. Или, на 45 години жената да биде сама, без маж и деца, опкружена со мачки. Но, во реалноста неуспехот не изгледа така. Дали сакате да ви кажам што е всушност неуспех?
1. Да не живеете како што сакате вие. Честопати луѓето живеат „лажен“ живот, наметнат од другите, а животот каков што тие го посакувале останува само во нивните соништа. Многумина немаат храброст да го направат потребниот чекор и да започнат да живеат онака како што тие сакаат.
2. Да ја работите најпрестижната работа, но да ја мразите. Голем број од луѓето се тркаат во животот за престиж, па затоа се вработуваат или отпочнуваат бизниси кои ќе им донесат многу пари. Вистината е дека таа работа ги „цеди“ емотивно и физички, не ја сакаат и со текот на времето почнуваат да ја мразат.
Но, не се откажуваат од неа, бидејќи им носи многу пари. Многумина би биле многу посреќни доколку ја работат работата која ја сакаат, иако со неа џебовите им се попразни.
3. Да се омажите за најпаметниот, најперспективниот и најубавиот, но да не го сакате. Мажејќи се за човек кој ќе ви обезбеди пари, луксуз, кариера и просперитет нема да ви донесе и среќа и љубов во животот.
4. Секојдневно да ги броите калориите за да „носите“ туѓо тело. Огромен број се чувствуваат несреќно и депресивно поради незадоволството од изгледот на сопственото тело. Се подложуваат на разни корективни зафати, се опседнуваат со килограмите и броењето калории. Тоа е своевиден неуспех да се биде среќен во животот.
5. Цел живот сонувате да напишете роман, но премногу се плашите да го продолжите она што сте започнале да пишувате во второто поглавје. Многумина остануваат „заглавени“ во одредена епизода од животот, бидејќи немаат храброст да продолжат натаму.
6. Секоја вечер да имате интимни одноcи, но од чувство на должност, а никогаш cтраст. 7. Да живеете со сопругот во љубов, разбирање и добрина, но да сонувате за соседот. 8. Кога детето постојано сака да си игра со вас, а вие го игнорирате и сакате никој да не ви допиpа.
9. Кога сонувате за појадок со кроасан додека прелистувате некое интересно списание, но наместо тоа да „трупате“ инстант хемиска каша додека седите пред компјутер. 10. Кога секој ден сонувате дека сè ќе се промени, но не правите ништо околу тоа. Тоа е она што јас го нарекувам неуспех.