Запишете си го рецептот, многу е лесна подготовката, а питата има неодолив вкус. Повкусно нешто во последно време не сум јадела. Ова е убава идеја за брз појадок, вечера, а може и за ручек, зошто да не. Може да се прави на повеќе начини и затоа е толку практична.
Потребни состојки: 3 јајца, 100 мл масло, 200 мл јогурт, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво, 10 лажици палента, 10 лажици брашно тип 400, 100 г блитва, 100 г сирење, 2 лажици ајвар, малку шунка, сусам
Постапка: во подлабок сад пенасто изматете три јајца со жица маталка. Потоа додајте 100 мл масло и 200 мл јогурт. Промешајте за да се изедначат состојките, а потоа додајте ги и сувите состојки:
Десет лажици палента, десет лажици бело брашно тип 400, една кесичка прашок за печиво и една лажичка сол. Внимателно промешајте додека да се соединат сите состојки.
Смесата е полутечна, но доста погуста од онаа за палачинки на пример. Во оваа смеса можете да додавате состојки по ваш вкус. Јас се одлучив за 100 г свежа, испрана и исечкана блитва.
Во оваа смеса совршено одговара и малку сирење изронето на покрупни парчиња, исто како кога правите пченкарна пита (проја). Со лажица промешајте додека рамномерно да се распоредат состојките.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Калап за ролат или леб со димензии 30х10 см намастете го и набрашнете го, а вишокот брашно истресете го. Кој сака може да го обложи со хартија за печење, за полесно вадење на питата.
Во приготвениот калап ставете половина од смесата. Распоредете и израмнете, па одозгора ставете две лажици ајвар, и премачкјте рамномерно. Одозгора наредете и пет тенки листови шунка или друго сувомеснато по ваш избор, но не мора, ова е по вкус.
Одозгора распорете ја втората половина од смесата. Израмнете, малку протресете го калапот за да се распоредат состојките, одозгора по желба наросете сусам, семки или нешто по ваш вкус.
Рерната треба да е веќе загреана, па ставете ја оваа „леб-пита“ да се пече околу половина час на 180 степени. Кога ќе зарумени, извадете ја и оставете ја малку да подизлади пред да ја сечете.
Сервирајте како самостојно јадење, а најмногу одговара со чаша јогурт или кисело млеко. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.