Оваа салата може да се послужи речиси со секакво јадење, одговара со сè. Таа е одличен прилог и на сите им се допаѓа. Кај мене на трпезата е една од омилените салати и секогаш од неа правам поголема количина. Па, еве го рецептот:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 мала главица свежа зелка, 6-8 кисели краставички (во зависност од големината), 1 конзерва туна од 170 г, 200 г мајонез, 200 г кисела павлака, сол и црн пипер по вкус, свеж лист од магдонос и копар/мирудија, течност од теглата со краставички
ПОСТАПКА: Зелката ситно исечкјате ја или изрендајте ја и ставете ја во некој голем и длабок сад во кој ќе можете да ја мешате. Киселите краставички можете да ги изрендате или да ги исечкате на тенки лентички.
Додајте ги и нив во садот со сечканата зелка. отворете конзерва туна и исцедете ја од маслото. Со виљушка иситнете ја, па додајте ја во садот со зелката и краставичките.
Додајте ги мајонезот и киселата павлака, а по вкус додајте и малку и малку од течноста од теглата со киселите краствички. Исто така, посллете и запиперете по вкус. Промешајте со помош на две виљушки.
Многу е важно оваа салата да ја приготвувате истиот ден кога планирате да ја послужите, а не од претходен ден, бидејќи зелката е многу сочна и колку подолго стои, толку повеќе ќе омекнува и ќе го испушта својот вкус, па нема да биде крцкава.
Значи, откако убаво ќе ја промешате салатата и ќе се уверите дека сите состојки се рамномерно распоредени, задолжително вкусете ја и додајте уште малку сол ако за тоа е потребно (или некој друг зачин).
Салатата можете да ја сервирате во широка и длабока чинија, а одозгора да ја декорирате со сечкани кисели краставички, свеж копар, свеж магоднос или по ваш вкус.
Исто така, можете да обложите некој длабок сад со проѕирна стреч-фолија, да ја наполните со салатата (убаво притиснете за да се пополни), па превртете ја врз чинијата за сервирање.
Можете да ја послужувате како предјадење, како закуска, но и како прилог со главното јадење. Многу е вкусна и заситна. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.