Од состојки кои сигурно ги имате во кујна, направете брзи, евтини и кремасти тестенини со додаток на кашкавал по ваш избор. Кога макароните ќе ги сварите во млеко, а не во вода, добивате многу покремаста паста.
Особено, ако згора на сè додадете и кашкавал кој се растопува, тогаш добивате фантастичен вкус. Многу брзо и лесно се приготвува, па претставува одличен оброк за денови кога немате време.
Она што е уште попрактично кај овие пpoчуени макарони со кашкавал, е тоа што се поевтини од класичните со болоњезе сос, а потребни ви се само 3 состојки кои главно сите ги имаме во кујна. Количината на состојките сами одберете ја, бидејќи ова може да биде оброк за едно или повеќе лица.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 340 г макарони и 200 г чедар или кашкавал по избор, 1 лажичка сол, 1/4 лажичка црн пипер во прав, 1/4 алева пиперка во прав. ПОСТАПКА: Во поголемо тенџере ставете го млекото да се загрева на умерена температура.
Штом зоврие поднамалете ја температурата, па ставете ги макароните и посолете и зачинете со црн пипер и алева пиперка. Оставете ги да се варат со повремено промешување, додека да се свари пастата, околу 10-12 минути.
Тргнете го тенцерето од оган, па додајте го ренданиот кашкавал. Промешајте додека да се растопи и инкорпорира. Вашето јадење е готово и спремно за послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте уште еден многу интересен и брз рецепт за приготвување на макарони:
РУЧЕК СО МАКАРОНИ КАКО ОД РЕСТОРАН, многу вкусно и лесно, ќе ве воодушеви со мирис и вкус. Рецепт на Гурман ТВ. Понекогаш од секојдневно мислење што да се зготви за ручек имаме недостиг на идеи, а долгото готвење со часови во кујната ни доаѓа преку глава.
Колку и да ни се јаде нешто вкусно, а сепак брзо, не можеме лесно да се досетиме на таков оброк. Следниот рецепт е токму за оние кои сакаат да подготват нешто брзо и лесно, а сепак да не валкаат многу садови.
Потребни состојки: 20 мл маслиново масло, 2 чешниња лук, 50 г шунка, 200 мл неутрална течна павлака за готвење (хопла), 10 г сол, прстофат црн пипер, 60 г топено сирење (зденка) – отприлика 3-4 зденки, 2 литри вода, 250 г тестенини, 30 г пармезан, магдонос за наросување.
Постапка: Во тавче на средна температура додајте го маслиновото масло заедно со ситно исечканите чешниња лук и почекајте да се загрее. Шунката исечкајте ја на тенки коцки како за салата и ставете да се запржи во маслото заедно со лукчето.
Кога шунката ќе потемни додајте ја хоплата, заедно со зачините сол и црн пипер. Кога хоплата малку ќе се загрее во неа додајте ги зденките и почекајте да се растопат со повремено промешување.
Во тенџере ставете 2 литри вода и почекајте да зоврие. Во зовриената вода додајте ги тестенините (макарони) и оставете ги да се варат 10 минути или по упатството на кесичката. По варењето, макароните додајте ги во сосот и сè заедно промешајте.
Макароните послужете ги со одозгора наросен пармезан и магдонос. Може да ги направите за ручек или вечера, сите ќе бидат воодушевени. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ