Ова се најкремастите колачи кои некогаш сум ги пробала. Вкусот е совршен и многу потсетува на Рафаело колачите, заради кокосот, но уште поубаво. Паша локумите ги правеше баба ми кога бев дете, а сега и на ќерка ми ѝ се омилени.
Без печење и долга подготовка, ова е нешто поразлично од сè друго што сте пробале досега. Паша локумите се правеа многу одамна, сигурно се сеќавате на овие колачи, па добро е уште еднаш да се потсетиме на овој старински рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г кокосови трошки (брашно), 150 г обично брашно, 120-150 г кристал шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 литар млеко, 50 г путер, 200 мл слатка павлака, една рака бадеми (измелени), 2 лажици мелени бисквити (плазма).
ПОСТАПКА: Веднаш подгответе си еден плех за печење со стандардна големина и обложете го со хартија за печење. Врз хартијата наросете 200 г кокосови трошки и рамномерно распоредете врз целата површина.
Во обичен сад ставете 150 г обично брашно. Потоа додајте 120-150 г кристал шеќер (зависи колку преферирате да биде сладок колачот), додајте 1 кесичка ванилин шеќер и измешајте ги сувите состојки. Во садот започнете малку по малку да го додавате млекото (приближно вкупно 300 мл), за колку да се разреди смесата.
Остатокот од млекото (околу 700 мл) ставете го на ринга да зоврие, па потоа додајте од сместа која претходно ја подготвивте. Варете на умерена температура со постојано мешање додека да добиете кремаста смеса, како пудинг, да биде без грутчиња.
Тргнете од рингла и веднаш во смесата додајте 50 г путер и измешајте додека да се растопи. Кремот оставете го целосно да се олади, или да биде млак, па прелијте го врз кокосовите трошки во плехот и рамномерно распоредете го, со дебелина од 1-2 прсти.
Целиот плех иставете го во фрижифер да се плади, приближно 4 часа, а потоа направете го следново: изматете 200 мл слатка павлака и шлагот премачкајте го врз кората која се направила од кремот. Потоа пресечете долги правоаголници како колачи.
Сомелете 1 рака бадеми и потоа измешајте со 2 лажици мелени бисквити (плазма). Врз секој правоаголник-колач наросете на средина од мелените јатки и бисквити. Завиткајте како ролат (со внимателност да не се распадне кората) и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.