Потпечен грав со тајна состојка што ќе ве воодушеви…Совршен посен ручек со богат вкус!
Едноставно, брзо и неверојатно вкусно јадење кое ќе го обожавате!
Овој потпечен грав со само неколку состојки, вклучувајќи го волшебниот ајвар, е толку добар што ќе посегнете по уште две порции, пишува НМД.
Совршен за пост, со салата или само така – уживајте во секој залак! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 500 г бел крупен грав
– 500 г кромид
– 100 мл масло
– 1 лажица мелена пиперка
– 3 лажици ајвар
– 1 лажичка сол (или по вкус)
– НМД
Постапка:
Гравот ставете го да се вари во вода 5 минути, па процедете го. Прелијте го со нова вода и варете додека да омекне.
Кромидот исечкајте го и пропржете го на масло додека да порумени. Тргнете од оган, па додајте сол, мелена пиперка и ајвар.
Измешајте добро. Во тенџерето со зготвениот грав оставете малку течност, па промешајте го со подготвениот кромид.
Префрлете сè во плех и печете во рерна на 180°C околу 20-30 минути, додека да добие убава кора. Послужете топло, со салата или само така.
Може да се подгрева – вкусот останува фантастичен! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: