Овие јаткасти плодови имаат силно дејство врз човековото здравје ако ги користите на овој начин. Бадемите се преполни со витамини и минерали, па затоа имаат голем број здравствени предности. Го штитат срцето и вените, го подобруваат памтењето и го намалуваат холестеролот.
Се препорачува секојдневно да изедете по неколку бадеми (4-5), но бенефитите од нивното конcyмирање ќе ги осетите уште повеќе доколку ги оставите преку ноќ натопени во вода.
На тој начин се намалуваат некои киселини кои се содржат во лушпата на јатката, а кои би можеле да ја намалат апcopпцијата на хранливите состојки од бадемот во телото. Од натопените бадеми (кои всушност се активирани со ензими кои помагаат да се создаде ново растение), уште подобро се впиваат витамините и минералите, а се подобрува и дигестијата.
Натопените бадеми имаат повеќе витамин Б и ензими, како што е липазата на пример, од сувите бадеми и многу се повкусни. Исто така, бланшираните бадеми се добар извор на калиум, влакна, протеини и здрави масти, вклучително мононезаситени и полизаситени масни киселини.
Во овие јаткасти плодови се содржат калциум и железо, како и моќни антиоксиданти кои не одржуваат здрави. Благодарение на витаминот Е, влакната и фолната киселина, натопените бадеми ја подобруваат работата на цревата, помагаат кај дијабетес, проблеми со кожата и хронични болести, како срцеви пречки и ревматоиден артритис.
Покрај тоа, бадемите претставуваат моќен сојузник и кај д иетите за сла-беење, бидејќи нивната богата количина на влакна го намалува чувството на г лад, а со тоа и внесот на калориите се намалува и на тој начин поттикнува гу-биток на к илограми.
Најдобриот пристап е натопувањето на бадемите во вода, во текот на 24 часа, или тие да се натопуваат одвечер, па следното утро да се излупат и изедат. Но, се чини многумина се откажуваат бидејќи за ова е потребно рутина која сепак бара одредено време. Затоа, спроведете го следниот метод:
Околу 250 грама сирови бадеми прелијте ги со топла вода (околу половина литар топла/млака вода), поклопете го садот иоставете ги вака да киснат 12 часа. По изминатото време процедете ја течноста.
Бадемите складирајте ги во некоја стаклена тегла, додајте две супени лажици хималајска или морска сол и залијте ги повторно со топла/млака вода. Протресете ја теглата за да се растопи солта.
На овој начин бадемите ќе ги маринирате. После 12 часа повторно можете да ги користите. Ќе забележите дека после 24 часа лушпата многу лесно се одвојува од бадемите, а во некои случаи веќе е одвоена.
Натопените бадеми во солена вода чувајте ги во фрижидер и искористете ги до седум дена. За ова време тие нема да изгубат од својата хранлива вредност.