Постојат жени кои не паѓаат на комплименти, кои не им веруваат на ласкавите зборови… Постојат жени кои не гледаат интерес во се’нешто… постојат жени кои веруваат во факти.. Жени кои живеат на работ од животот, но сепак имаат светлина во своето срце…
Постојат жени кои кога ќе се појават зрачат и осветлуваат се’ околу себе… Жени кои од вас сакаат само силна прегратка и цврст стисок на раката… Жени на чии усни секогаш има насмевка и страст која вибрира од сите нивни сетила… жени кои ве сакаат само вас, како ваши кралици…
Постојат жени кои веруваат дека ако имаме заеднички сништа, сите врати ни се отворени…. Постојат жени кои биле многупати повредени но и натаму имаат моќ да избираат. Жени кои веруваат во вредности…
Вредности кои не смеат никогаш да бидат изгубени, а тоа е достоинствено. Постојат жени кои имаат еден страв… Страв дека ќе се претопат во другите и ќе станат исти како нив…
Постојат жени кои веруваат дека сите желби можат да се исполнат. Жени кои веруваат дека сите сеќавања се вткаени во нивната кожа. Постојат жени кои имаат надеж, презир кон реалноста и храброст сето тоа да го променат…
Жени кои веруваат дека животот е создаден за да сонуваме во него, дека е направен за љубов… Жени кои знаат дека некои приказни кои живеат во нас, засекогаш ќе носат болка, но ете, живеат во нас…
Постојат жени кои живеат лесно и слободно со тежок терет во животот… Жени кои кога денот е сив и тмурен тие ги покажуваат сите свои бои кои ги имаат во себеси… Жени кои кога се’ околу нив е несигурно и полно со сомнежи, тие носат сигурност… Жени кои им се насмевнуваат на луѓето и секогаш се она што се…
Никогаш не ги кријат своите слабости, не се покажуваат поинаку од она што се, не се плашат од своите несовршености… Затоа што знаат дека нивните слабости и несовршености ги прават уникатни и единствени…
Жени кои знаат дека совршенството не постои… Жени кои знаат дека само лицето коешто се насмевнува е совршено!