Home Посно јадење ПОСНО (ВЕГАН) ЈАДЕЊЕ ОД РЕРНА…Сите мислеа дека јадат тава со месо, толку...

ПОСНО (ВЕГАН) ЈАДЕЊЕ ОД РЕРНА…Сите мислеа дека јадат тава со месо, толку беше вкусно, прсти да излижеш!

ПОСНО (ВЕГАН) ЈАДЕЊЕ ОД РЕРНА…Сите мислеа дека јадат тава со месо, толку беше вкусно, прсти да излижеш!

Овој неверојатно вкусно веганско јадење е совршена комбинација на зачини и зеленчук што ќе ги задоволи сите ваши сетила.

Идеален за семејна вечера, со прилагодлива лутина за најмалите – само намалете ги лутите пиперки! Подгответе се за топло и многу вкусно јадење што ќе стане ваш фаворит.

Во оригиналниот рецепт се користи „џекфрут“ во конзерва, но совршено може да се замени со модар патлиџан или печурки буковки, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

За сос:
– 2 лажици вегански путер/маргарин
– 1 голема главица кромид, крупно исечкан
– 5 чешниња лук, ситно исечкани
– 1 конзерва џекфрут или 1 црн домат исечен крупно, посолен и отстојан, или 300 г големи печурки

И уште:
– малку соја сос
– 1 и 1/2 лажица булјон од зеленчукова база (или коцки за супа)
– 1 лажица вегански Вустершир сос, опционо
– 3 чаши вода + 2 лажици скроб/нишесте/густин

Зеленчук за во тавата:
– 5 мали компири, исечени на коцки
– 2-3 моркови, исечени на кругови
– 2 стебленца целер, исечкани
– печурки, исечени (по избор)

Суви зачини:

– 1 лажичка лут пипер во снегулки, буковец (намалете на 1/2 ако е за деца)
– 1 лажичка босилек
– 1 лажичка мајчина душица
– 1 лажичка морска сол
– 1 лажичка кромид во прав

Постапка:

Во голема тава на среден оган, растопете 2 лажици маснотија. Додајте го кромидот и лукот, па пропржете околу 5 минути додека да омекнат и замирисаат.

Додајте ги сосовите и булјонот со зеленчукова база (коцките за супа растворете ги во малку вода). Додајте го зеленчукот и сувите зачини, па промешајте за да се соединат вкусовите.

Во вода растворете 2 лажици скроб, па истурете ја смесата во тавата. Мешајте и оставете да крчка на тивок оган 30 минути, додека сосот да згусне.

Во длабока тава за печење рамномерно распоредете ги компирите, морковите, целерот и печурките.

Прелијте ја смесата врз зеленчукот во тавата и поклопете или завиткајте со алу фолија.

Печете во загреана рерна на 180°C (350°F) 1 час и 30 минути, додека зеленчукот да омекне, а вкусовите да се стопат во совршенство.

Извадете од рерна, оставете малку да се излади и послужете топло. Добар апетит!

Совет: ако сакате да го споделите овој рецепт со пријателите, сигурни сме дека ќе го обожаваат исто колку и вие! Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ: