ПОСНО ПРЕДЈАДЕЊЕ…Посна торта без маргарин…Многу вкусна, прва се изедува…

За ова посно предјадење сакав да направам нешто поинакво – без маргарин, кој никогаш не го сакам, и без туна, бидејќи се чинеше дека го има во секој втор рецепт за посни солени торти.

Резултатот е оваа прекрасна торта со компири и розен кори! Вкусно, лесно и декоративно за празничните маси. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Основна смеса:
1,2 кг варени компири
285-300 г посен мајонез
1/2 лажичка сол
200 г посни крекери

Додатоци:

150-200 г пченка во зрно
200 г маринирани печурки
3 лажици ајвар (по избор)
100 г посен мајонез

И уште:
1 пакување солени розен кори

ПОСТАПКА:

Испасирајте ги варените компири, посолете, додајте мелени солени крекери и посен мајонез. Промешајте за да се изедначи, па смесата поделете ја на 4 дела.

Во првиот дел додајте100-200 г зрна од пченка (од конзерва). Во вториот додајте 200 г печурки, а во третиот, неколку лажици ајвар (поевтина варијанта е пире од моркови). Четвртиот останува ист. По потреба додајте уште мајонез и сол.

Редење: во пакувањето обично има 8 кори, но ова има 7. Редоследот може да биде по избор, но јас врз првата кора ставив фил со печурки и врз него малку од основниот, со мајонез.

Потоа кора, па фил со ајвар…И, продолжете со филувањето на корите додека да се потроши материјалот.

Целата торта обложете ја со основниот фил откако ќе отстои во фрижидер неколку часа. Декорирајте по желба или со рендан кашкавал како мене. Постапката погледнете ја ОВДЕ: