За 4 лица
Потребни состојки:
400г црвена леќа
1 голем компир
1 главица кромид
2 средни моркови
3 чешниња лук
Сол по вкус
Подготовка:
Состојките се ставаат во поголемо тенџере, се додава околу 2 литри вода и се вари околу половина час. Доколку се готви во експрес лонец, подготовката трае околу 15 минути.
Кога е готово, се вадат компирот, кромидот и морковите, се блендираат, па се враќаат назад.
Се додава соја сос и гомасио и се послужува.
Добар апетит!