ПОСНО НА ВОДА…Ѓувеч од рерна – брз ручек со богатство од вкусови…прсти да излижеш…Ова посно јадење, со толку богат вкус, сигурно ќе ви се допадне…Рецепт и фото на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г тиквички
200 г модар патлиџан
100 г црвена пиперка
200 г печурки
240 г домати
240 г компири
100 г моркови
100 г црвен кромид
50 г корен од целер
60 г ориз
50 г соја снегулки
Зачини:
3 лажички сув билен зачин (вегета)
1 лажичка мелен црн пипер
2 лажички црвен пипер
1/2 мала китка свеж копар, ситно сечкан
ПОСТАПКА:
1. Сојата потопете ја во топла вода и оставете ја настрана. Исплакнете го оризот со ладна вода. Тиквичките, модриот патлиџан, пиперката и компирот исечкајте ги на коцки и ставете ги во тавче.
Излупете ги доматите, исечете ги на коцки и додајте ги во зеленчукот. Додајте печурки исечени на подебели листови и морков и кромид исечени на полукругови.
Коренот од целер исечкајте го на коцки и додајте го во другиот зеленчук. Додајте ја добро исцедената соја и ориз, а потоа измешајте сè со лажица.
Посипете ги со сите споменати зачини (наместо копар можете да ставите магдонос), измешајте уште еднаш и префрлете во сад кој ќе оди во рерна.
2. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Зеленчукот прелијте го со топла вода, да биде прекриен, под вода.
Садот покријте го со алуминиумска фолија, но оставете го отворен од страните за да излегува пареата (или избоцкајте ја).
Печете половина час, потоа тргнете ја фолијата и вратете го на печење додека да испари вишокот вода (може да остане само малку на дното). Рецепт и фото на Верица Николиќ.