Рецепт и видео: Јелена Петровиќ. Еве едни посни фантастични грицки, одлични за дружење, а може и со пиво, зошто да не. Пробајте го рецептот, ќе бидете воодушевени.
Потребни состојки: 300 мл вода, 1 лажица шеќер, сусам и останати семки по избор, 50 мл масло, 30 г квасец, 400 – 500 г брашно и 100 г маргарин
Постапка: Свежиот квасец околу 30 г издробете со малку млака вода и ставете една супена лажица шеќер. Промешајте убаво за да се растопи квасецот, па додадете 50 мл масло и остатокот од млаката вода.
Постепено додавајте го брашното, посолете и мешајте со лажицата додека да добиете средно меко брашно. Месењето завршете го рачно додека тестото да стане еластично. Тестото вратете го во чист сад и покријте го со проѕирна фолија и крпа. Оставете го да отстои половина час за да стаса квасецот и да се удвои тестото.
На набрашнета површина развлечете го тестото со набрашнета оклагија. Формирајте правоаголна кора со дебелина од 1 прст. Кората пресечете ја на половина, да добиете две долгнавести правоаголни кори. Одозгора кората намастете ја со малку омекнат маргарин за да добие на мекост.
Корите преклопете ги една врз друга, па повторно пресечете на половина (на два квадрати). Преклопете ги, а помеѓу намастете со маргарин. Вака здипленото тесто одозгора притиснете го малку со оклагија и уште еднаш пресечете го и преклопете го. На крај убаво и полека развлечете правоаголна кора (а со преклопувањето се добива ефект на лиснато тесто).
Добиената кора премачкајте ја со кечап и одозгора наросете обилно семки да се покрие целата површина (потребни се околу 50 г сусам, малку ленено семе и семки по избор). Кората пресечете ја на половина, па сечете тенки ленти, малку засукувајте ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Вака приготвените стапчиња со семки ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20-тина минути додека убаво да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: