Брзи и едноставни!
Бадемово млеко се става за вкус зошто колачот е посен, а може да го купите во поголемите маркети или да си го направите сами или да го замените со друго радтително млеко или сок.
Потребни состојки:
500 г мелени бисквити посни
200 г кокос
250 г шеќер
200 мл бадемово млеко
250 маргарин
1 ванилин шеќер
1,5 лажица рум
За ГЛАЗУРА:
200 г чоколадо за готвење
6 лажици масло
Постапка:
Измешајте ги кокосот и мелените бисквити во еден голем сад.
Во еден сад на тивок оган ставете млеко, маргарин, шеќер и ванилин шеќер, па мешајте додека да се растопат состојките.
Штом состојките се растопат, прелијте ги преку кексот и кокосот, па продолжете да мешате со лажица.
Додадете го и румот, па продолжете го месењето со раце.
Во намастена тепсија распоредете ја убаво смесата, прво со раце а пото израмнете со шпатула.
Прелијте со глазура од чоколадо и ставете во фрижидер да се стегне.
Кога ќе одлучите да го сечете колачот, извадете го од фрижидер барем 15 минути на собна температура, за да не пука при сечењето.
Kolaci.biz