Home Посно јадење Посни уштипци – меки како перничиња, шупливи однатре (професионален рецепт)

Посни уштипци – меки како перничиња, шупливи однатре (професионален рецепт)

Ако барате проверен рецепт за совршено меки и воздушести посни уштипци, ова е вистинскиот избор.

Со едноставни состојки и правилна техника, ќе добиете златно-пржени уштипци кои однадвор се крцкави, а однатре шупливи и неверојатно нежни – идеални за појадок, вечера или како брз домашен оброк.

Овој рецепт е одличен и за сите што бараат економични и практични рецепти, бидејќи користи основни намирници што секогаш ги имате дома, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🛒 Потребни состојки:

• 1 кг брашно
• 700 мл вода
• 1/2 коцка свеж квасец
• 1 лажичка шеќер
• 1 лажица сол
• 1 лажица масло

👩‍🍳 Постапка:

1. Во длабок сад, растворете го квасецот со шеќер и малку млака вода. Оставете го да се активира додека да запени.

2. Додајте го брашното и постепено сипете ја преостанатата вода.

3. Додајте сол и масло, па замесете меко и лепливо тесто.

4. Покријте го садот и оставете тестото да стаса додека да го зголеми волуменот (околу 1 час).

5. Стасаното тесто префрлете го на набрашнета површина и внимателно развлечете го во кора.

6. Исечете коцки со нож или сечко.

7. Оставете ги парчињата да одморат 10–15 минути додека да станат уште повоздушести.

8. Пржете во умерено загреано масло.

9. Пржете додека да добијат убава златна боја од двете страни.

👉 Резултат: уштипци што се меки како перничиња и шупливи однатре, токму како од пекарница.

💡 Професионални совети:

• Маслото не смее да биде премногу жешко – така уштипците ќе останат сурови одвнатре.
• Не додавајте премногу брашно при развлекување – тестото треба да остане меко.
• За дополнителен вкус, може да се послужат со џем, ајвар или растителни намази.