Ова е еден супер рецепт за посни ситни колачи. Од една смеса можете да направите 4 видови топчиња кои имаат предобар вкус. Овие колачи можете да ги направите и во мрсна варијанта, само прилагодете ги состојките според вашите потреби.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г маргарин растопен и малку разладен, 200-300 г шеќер во прав, 900 г мелени посни бисквити, 200 г бело посно чоколадо, 200 мл сок од портокал, 100 г посно црно чоколадо за натопување + 3 лажици масло, 100 г кокос, 100 г какао + 100 сецкано црно чоколадо, арома од рум, 150 г суво овошје (брусница, суви сливи, суво грозје)




ПОСТАПКА: Во поголем сад ставете ги мелените бисквити и прелијте ги со растопениот и малку подизледен маргарин (во течна состојба, па додајте бело чоколадо растопено на пареа и шеќер во прав, па полека промешајте со дрвена лажица.




Додека мешате со лажица или шпатула започнете постепено да го додавате сокот од портокал. Мешајте сè додека да се соединат состојките и да се изедначи целата смеса. Ова е основата. Формираната смеса поделете ја на 4 еднакви делови и секој дел ставете го во посебен сад.




Во првиот дел ставете една супена лажица рум. Промешајте добро за да се инкорпорира во смесата, па ставете ја во фрижидер да се стегне. Од оваа смеса потоа формирајте бомбици кои ќе ги валкате во растопено црно чоколадо.




Во втората смеса додајте суво овошје (претходно може да го оставите малку да отстои во сок или во рум за да набубри, но не мора), промешајте и изедначете, па оставете во фрижидер да стегне околу 20 минути.




Во третата смеса додајте го кокосовото брашно, па исто како и претходните промешајте го и оставете го во фрижидер околу 20-30 минути, за потоа полесно да се формираат топчињата. Во четвртата смеса додајте какао и 100 г сечкано црно чоколадо.




Се соединува и се остава во фрижидер за да се стегне. Бомбиците можете да ги валкате во кокос, мелени бисквити, кокос, чоколадо, мелени ореви, мелени/сечкани лешници… Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.