ПОСНИ ПРЖЕНИ ЛЕПЧИЊА…Секогаш ги правам на овој начин, повкусни се, особено гостите се воодушевени
За многумина омилениот појадок од детството сè уште е прженото лепче натопено во јајца, послужено со парче сирење и чаша јогурт, или пак, намачкано со џем и послужено со топол планински или чај од липа.
За време на постите овој појадок најчесто се заменува со посна пита или лепче намачкано со некој посен намаз.
Но, за сите љубители на пржените лепчиња имаме одличен рецепт со кој добивате уште повкусни од обичните, а дури можете и да ги зачинувате со различни зачини и секојпат да добивате нови вкусови.
Ви ги претставуваме рецептите на Сања Милојевиќ и Драгана Симоновиќ кои се многу слични и едноствни, а кои ги користат трите основни состојки: брашно, вода и сенф. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 (посни пржени лепчиња според Сања Милојевиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 парчиња леб (по можност бајат),
3 супени лажици брашно,
3 супени лажици сенф,
150 мл ладна вода (или по потреба),
1 мала лажичка прашок за печиво,
сол по вкус,
лук во прав и други зачини по вкус (магдонос, босилек, оригано..)
РЕЦЕПТ 2 (посни пржени лепчиња според Драгана Симоновиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 парчиња леб (вчерашен или завчерашен, но може да биде и свеж),
4 рамни лажици сенф (може помалку или повеќе, по вкус),
100-тина мл ладна вода,
малку брашно по потреба,
сол и црн пипер по вкус,
зачини по вкус (не мора).
РЕЦЕПТ 3 (посни пржени лепчиња според Оливера) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
50 г брашно,
4 супени лажици сенф,
50 мл вода (одокативно, по потреба),
5 парчиња леб,
40 мл масло
ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:
ПОСНИ ПРЖЕНИ ЛЕПЧИЊА: Вака ги правам секогаш, повкусни се, особено гостите се воодушевени