ПОСНИ ПОГАЧИЦИ СО СЕМКИ: Брзо тесто без чекање, а вкус одличен…Секој втор ден ги правам, имаат одличен вкус, ги сака и младо и старо…Испробајте го рецептот на Скарлет Охара и нема да се покаете. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 250 г маргарин на собна температура
– 200 мл масло
– 400 мл бело вино
– 2 лажички сол
– 150 г сусам (го пржам, но не мора)
– 150 грама сончоглед
– 100 г ленено семе
– 1 кг брашно
– 1 кесичка прашок за пециво
ПОСТАПКА:
Маргаринот се мати со миксер и се додаваат состојките по овој редослед како во рецептот.
Брашното се додава постепено, малку по малку. Кога ќе стане прегусто за миксерот, продолжете со рака, истресете го врз работна површина, додајте брашно и месете додека да се добие мазно, еднолично тесто.
Развлечете го со сyкало до дебелина од 1 см. Обликот на погачиците зависи од вашата имагинација и расположение, а можете и да ги исечете и на стапчиња.
Печете ги 20 минуни во загреана рерна на 200 степени.