Посни питулици со лук, на македонски начин…Подобро и повкусно јадење нема ни во етно рестораните…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За палачинки:
350 г брашно
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка прашок за печиво
2 лажички масло
1 литар газирана вода
За фил со лук за премачкување:
4-5 чешниња лук
1 грс ореви
1 лажичка сол
2 лажички масло
200 мл млака вода
ПОСТАПКА:
1.ОИзмешајте ги сите потребни состојки за тестото за палачинки со постепено додавање на газираната вода. Мешајте за да нема грутчиња. Смесата е со конзистенција на течен јогурт.
Испечете ги палачинките на вообичаен начин, во нелеплива, намастена тава. Палачинките редете ги една врз друга.
2.Ситно исечкајте го лукот и истолчете го со сол и една рака ореви. Потоа додајте масло, соединете, па додајте ја млаката вода. Убаво промешајте за да добиете течност како млеко.
3.Калапот намастете го, па започнете со редење на палачинките. РЕДЕЊЕ: Палачинка, па премачкјате ја со филот, поклопете со друга палачинка и сѐ така додека да се потроши материјалот.
4.Пред печење исечете ги на осмини или на коцки. Печете во загреана рерна на 200 степени, 30-тина минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.