Фото и рецепт: Наталија

Ова се посни колачиња кои најпрво ќе ве освојат со декоративниот изглед, а потоа и со вкусот. Содржат мелени бисквити, мелени лешници, чоколадо…

Ако мислите дека посните колачи не може да бидат вкусни, тогаш пробајте ги овие и ќе се уверите во спротивното. Секако, истите можете да ги направите и во масна варијанта.

Гнездата можете да ги полните со чоколаден ганаче крем, некој готов еурокрем, нутела или топено чоколадо во слатка павлака.

Потребни состојки:

200 мл вода
200 г шеќер
150 г маргарин
100 г чоколадо за готвење
250 г мелени бисквити
150 г мелени лешници, претхотно испечени
за валкање: околу 100 г крупно сечкан лешник

за полнење:

150 мл слатка павлака
100 г чоколадо за готвење

Постапка:

Најпрво потпечете ги лешниците во рерна, на 180 степени околу 10-15 минути, со често промешување со лажица. Излупете ги од лушпата и сомелете ги. Исто така, сомелете и 150 г бисквити.

Во поголемо тенџере излејте вода, додадете шеќер, маргарин и чоколадо искршено на коцки, па ставете на оган и загревајте на умерен оган со постојано мешање додека да се растопи. Од моментот на зовривање оставете уште 2-3 минути, па тргнете од оган.

Додадете ги мелените бисквити и лешници, добро промешајте, па оваа смеса оставете ја целосно да излади, најмалку 2-3 часа во фрижидер или во замрзнувач на околу еден час.

Не грижете се тоа што врелата смеса ќе изгледа доста ретко и меко. Со ладењето целосно ќе се стегне.

Кога смесата се изладила и стегнала, со лажучка вадете мали парчиња, формирајте ги во топчиња и редете ги на тацна. Секое топче извалкајте го во сечканите лешници, а во средината со прст или со дрчка од лажица направете мало вдлабнување, така да добиете изглед на гнездо.

Вака формираните гнезда ставете ги во фрижидер целосно да стврднат. Потоа полнете ги со фил.

За фил: Загрејте ја слатката павлака, па пред да зоврие тргнете од оган и додадете го чоколадото искршено на коцки. Нека отстои така околу една минута, па со жица добро промешајте додека чоколадото целосно да се растопи. Ставете го кремот во фрижидер да се излади, па потоа можете да го измиксате, но не мора. Наполнете го шприцот, ставете продолжеток по желба и полнете ги гнездата. Филот можете да го направите и еден ден претходно.

Гнездата може да стојат во фрижидер и до неколку денови, тогаш се уште поубави.

Коментар на Виолета Младеновска:

”Greska 200g seker 200gvoda i 150margarin se zovriva a potoa se dodava 250 meleni orevi od koi 4 lazici trgas na strana za valkanje isto i od 300 g biskviti i od niv trgas 4 lazisi gi promesuvas so orevite no dodeka se mesa so tecnosta stavas rastopeno cokolado i tolku a potoa gi pravis vo topce se valkaat i so prst pravis dupce i stavas po zelba ukras jas stavam cokolado brzi a vkusni dobar apetit”