ПОСНИ КРОКЕТИ СО СУСАМ…Одлични за појадок, закуска или предјадење…Многу се вкусни! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г варен компир
200 г брашно
сол, црн пипер и сув зачин по вкус
малку црвен пипер во прав
100 г посен кашкавал за фил
100 г сусам за валање

ПОСТАПКА:

Испасирајте го пирето и зачинете го по вкус. Додајте 100 г брашно и измешајте. Потоа додајте го остатокот од брашното и изедначете ја смесата.

Намастете ги дланките, со лажицата црпете од смесата, во средината ставете мала коцкичка посен кашкавал и обликувајте топчиња. Топчињата валајте ги во сусам и наредете ги во чинија.

Пржете ги крокетите на умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ: