Ова се најубавите крофни без млеко и јајца и воопшто не се разликуваат од мрсните. Воздушести се, меки, се топат во уста, а од нив мириса целата улица. Особена арома му дава ренданата кора од лимон и портокал, како и ванилиниот шеќер. / Рецепт и видео презентација на “Шерпица” – посни крофни.
Потребни состојки: 1 кг брашно, 40 г квасец, 300 мл млака вода, 200 мл газирана вода, 100 мл масло, 2 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, Рендана кора од портокал – многу малку, Рендана кора од лимон и 1 лажичка сол
Постапка: во подлабок сад ставете го квасецот, лажица шеќер и лажица брашно. Добро промешајте со малку вода и оставете квасецот да се активира.
Потоа, во стасаниот квасец додајте масло, вода, газирана вода, шеќер, рендана кора од лимон и портокал, ванилин шеќер. Замесете со брашното. Брашното додавајте го малку по малку и додадете сол. Завршете со месењето и оставете го тестото да стасува додека да се удвои.
Тестото развлечете го на набрашнета работна површина, вадете тркалца со чаша и оставете малку да одморат за да стасаат, околу 10-тина минути.
Маслото загрејте го и горната страна на крофната спуштете ја свртена кон долу. Поклопете и пржете околу една минута, тргнете го капакот, превртете ги крофните и оставете долната страна уште малку да зарумени.
Доколку не сакате да ги полните со ништо, можете да им правите и дупки во средината. Крофничките вадете ги на салветка да се исцедат, наросете ги со шеќер во прав и послужете ги со џем. Уживајте во најдобрите крофни! Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Посни меки и интегрални пишии што не впиваат масло – кога се брзате и немате многу време, иделани се
Фотографија и рецепт на Гордана Јакшиќ – Посни мекици од ‘ржано брашно. Овие солени мекици (или како и да ги наречете) идеални се кога сте во брзање и немате време да го чекате тестото да стасува.
Ако повеќе ги сакате во слатка варијанта, наместо лажичка шеќер ставете две лажици шеќер или едноставно, наросете ги со шеќер во прав кога ќе бидат готови.
Овие мекици не се шупливи внатре, туку полни, со погуста структура, па помала количина е доволна за да ве засити. Оваа мерка е таман за вечера за четворица, со сирење, кајмак или павлака.
‘Ржаното брашно во тестото и многу малата количина на алко-хол која се додава, овозможуваат тестото воопшто да не впива маснотија додека се пржат. Алко-холот се разбира испарува и не се чувствува во печивото.
Потребни состојки: 300 г фино ‘ржено брашно, 200 г бело брашно, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво, 1 рамна лажичка сув квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка ракија или коњак, 350 мл газирана вода отстојана на собна температура, масло за пржење.
Постапка: Во подлабок сад за месење истурете ја целата количина од ‘ржаното брашно и приближно две третини од белото брашно (остатокот оставете го за домесување). Додајте сол, прашок за печиво, квасец и шеќер, додајте раки-ја и газирана вода, убаво промешајте прво со лажица, а потоа и со рака.
Замесете тесто со додавање на остатокот од белото брашно. Тестото не треба да биде претврдо, така што сами одлучете дали ќе го додадете целиот остаток од белото брашно или само дел.
Малку намастете ги рацете со масло, па обликувајте топка од тестото, покријте го со крпа или кеса и оставете го 15-тина минути да се одмори. Во подлабок сад загрејте масло ма средна температура (кај мене тоа е 3 од 6), а нивото на маслото нека биде 3 см за да може печивото убаво да се испржи.
Додека се грее маслото, преполовете го тестото, па развлечете го прво едниот, а потоа и вториот дел, во кори со дебелина од еден прст. Сечете долгнавести ленти со големина по ваша желба. Бидејќи е добро повеќе да не се додава брашно, тестото развлечете го на парче хартија за печење и нема да се лепи.
Мекиците пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат, па вадете ги во садот каде ќе ги покривате со крпа. Печивото има потемна нијанса поради ‘ржаното брашно, но нека ве грижи тоа.
Не е потребно да ги ставате на хартиена салветка да се цедат, бидејќи воопшто не задржуваат не задржуваат маснотија на себеси. Кратко изладете ги под крпата, па сервирајте ги. Идеални се со сирење, кајмак, павлака и млеко.