ПОСНИ КНЕДЛИ ОД КОМПИР (на вода)…Вкусни залчиња за секој ден…
Овие посни кнедли од компир се едноставни, вкусни и совршени како прилог или самостојно јадење, пишува НМД.
Направени со само неколку состојки и без многу труд, ќе ве освојат со својата мека текстура и крцкавата обвивка од лебни трошки.
Идеални за лесен оброк (пост на вода)! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки (количината прилагодете ја според потребите):
– 500 г компир
– 500 г брашно или скроб/нишесте/густин (може помалку, по потреба)
– Лебни трошки
– Сол
– Прстофат прашок за печиво
– Малку вода (по потреба)
– НМД
Постапка:
Ставете 500 г компир да се вари во кора. Откако ќе се свари, излупете го и испасирајте го додека е топол.
Посолете го пирето и постепено додавајте брашно и малку прашок за печиво, месeјќи со малку вода доколку е потребно. Месете додека да добиете мазно тесто без грутчиња.
Развлечете го тестото со оклагија и исечете го на квадратчиња или тркалца. (Можете и да кинете топчиња или да црпите со лажица натопена во врела вода).
Спуштете ги кнедлите во зовриена солена вода и варете ги додека да испливаат на површината – знак дека се готови.
Пропржете лебни трошки во сува тава до златна боја, па извалкајте ги сварените кнедли во нив. Послужете ги топли и уживајте!
Совети:
– За дополнителен вкус, можете да додадете малку мелен црн пипер или зачини во тестото.
– Сервирајте ги со варен зеленчук, риба или лесен сос од домати за целосен оброк.
– Ако сакате покрцкава текстура, трошките можете да ги пропржите со малку масло (доколку не сте на строг пост).
Добар апетит!