Ситните чоколадни колачи можете да ги послужите и на слатката славска или празнична трпеза. Чоколадните бомбици се колачиња кои се јадат во еден залак. Ако немате време да подготвувате комплицирани десерти кои бараат печење, тогаш овој рецепт е совршен за вас.
Од само 3 состојки ќе ги направите најубавите мали колачи на кои никој нема да може да им одолее. Веќе одличната комбинација од банана и бисквити, уште повеќе се подобрува со потопување во растопено чоколадо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г мелена плазма, 2-3 банани и 200 г чоколадо. ПОСТАПКА: Сомелете ги мелените бисквити (може да купите и мелена плазма). Бананите испасирајте ги или сомелете ги во блендер додека да довиете пире.
Соединете ги мелените бисквити со пирето од банани, па мешајте додека да добиете еднолична смеса. Од смесата црпете и со помош на дланките правете топчиња со големина на орев, па редете ги на плех обложен со хартија за печење.
Ставете ги во замрзнувач да се стегнат околу половина час. За тоа време растопете го чоколадото на пареа/тивок оган или во микробранова печка. Топчињата извадете ги од замрзнувачот и потопувајте ги во растопеното чоколадо.
Кога ќе се стврдне глазурата декорирајте со чоколадо во друга боја. Деталите од зелата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и вториот рецепт: Посни божиќни топчиња од суви смокви, мелени ореви и чоколадо – старински рецепт.
Фото и рецепт на Ивана Тодоровиќ – Божиќни топчиња. Еве еден рецепт кој го пронајдов во еден прастар тефтер кој и припаѓаше на тетка ми, полн со пожолтени страници испишани со прекрасни рецепти…
Го пронајдов кога за првпат започнав да правам колачи за слава и оттогаш задолжително ги правам за слава, Нова година, Божиќ.. а и без некој посебен повод, бидејќи моите дома ги обожаваат…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г суви смокви, 250 г мелени ореви, 120 г шеќер, 100 г чоколадо за готвење. ПОСТАПКА: Сомелете ги заедно смоквите и оревите (така помалку се лепат смоквите за ножето). Во посебен сад ставете го шеќерот, прелијте го со малку вода колку да се прекрие шеќерот.
Шеќерот со вода ставете го на оган и мешајте додека тој да се растопи целосно, па тргнете го садот од рингла и оставете сирупот малку да се подизлади. Потоа додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте да се растопи, а потоа и мелените смокви и ореви. Убаво промешајте смесата целосно да се изедначи и да стане компактна.
Формирајте ги топчињата со големина на орев, па валкајте ги во чоколадни трошки, мелени ореви, кристален шеќер, рендано чоколадо…било што по желба. Многу се вкусни. / Фото и рецепт на Ивана Тодоровиќ