Home Посно јадење ПОСНИ БЕЛИ МАКАРОНИ СО ПЕЧУРКИ…Брз и вкусен рецепт…

ПОСНИ БЕЛИ МАКАРОНИ СО ПЕЧУРКИ…Брз и вкусен рецепт…

ПОСНИ БЕЛИ МАКАРОНИ СО ПЕЧУРКИ…Брз и вкусен рецепт…

Ако сте љубител на брзи и лесни рецепти, оваа посна бела тестенина со печурки е вистинскиот избор за вас! Кремаст, богат вкус и лесен за подготовка, одлично се вклопува во секој оброк.

Печурките даваат целосен и ароматичен вкус, додека растителната павлака го прави сосот исклучително кремаст. Овој рецепт е одличен за секој кој пости, следи веганска исхрана или едноставно сака да проба нешто ново.

Покрај тоа што е вкусна, оваа тестенина е и заситна, а најдобро од сè – се подготвува за помалку од 30 минути! Можете да користите секаков вид тестенини, но најдобро одговараат со „фусили“, „пени“ макарони или шпагети. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г печурки (шампињони, буковки или други по ваш избор)
500 мл растителна течна павлака
500 г посни тестенини
1 главица кромид
2-3 чешниња лук
сув зачин, црн пипер
малку масло за пржење
свеж магдонос за декорација (по избор)
лажичка маслиново масло (за дополнителен вкус)

ПОСТАПКА:

Сипете ги тестенините во зовриена вода со малку сол и варете ги според упатството на пакувањето. Кога е готово, процедете ги и оставете ги настрана.

Ситно сечканиот кромид и лук пропржете ги на малку масло додека не омекнат. Додајте ги сечканите печурки и пржете додека да ја испуштат течноста и да омекнат. Кога ќе испари вишокот течност зачинете со сув зачин и црн пипер.

Потоа сипете ја растителната павлака и сè убаво измешајте. Гответе на тивок оган со повремено мешање додека сосот да се згусне.

Во поголем сад измешајте ги сварените тестенини и сосот, мешајќи за рамномерно да се распоредат. По потреба додајте малку од водата во кога се сварија тестенините за да добиете уште покремаст сос.

Топлите тестенини посипете ги со свеж сечкан магдонос и додадете малку маслиново масло за уште побогат вкус.

Процесот на подготовка можете да го погледнете во видео рецептот ОВДЕ: