Доколку барате брз посен десерт на вода, без печење и без комплицирани подготовки, овие посни банана топчиња со кокос, ореви и какао се вистински избор.
Подготвени од неколку едноставни состојки, тие се природно засладени, богати со растителни влакна и здрави масти, и совршени за периоди на пост или како здрав слаткиш без рафиниран шеќер.
Овој рецепт е одлична опција и за оние што практикуваат балансирана исхрана, бараат енергетски бомбици за појадок или ужина, или сакаат домашна алтернатива на индустриските десерти, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🛒 Потребни состојки:
• 2 зрели банани
• 50–80 г кокос (во зависност од големината на бананите)
• 30 г какао во прав
• 100 г ситно сечкани ореви (или лешници, бадеми по избор)
• 100 г растопено црно чоколадо (за потопување)
За валање:
• кокос
• мелени фстаци
• или по избор (какао, мелени ореви и сл.)
👩🏻🍳 Постапка:
1. Бананите изгмечете ги со виљушка додека да добиете мазна и кремаста смеса.
2. Додајте кокос и какао, па промешајте додека да се соединат состојките.
3. Додајте ги ситно сечканите ореви и повторно измешајте додека да добиете компактна смеса.
4. Со раце оформете топчиња или облици по желба.
5. Дел од топчињата валајте ги во кокос, други во мелени фстаци, а трети потопувајте ги во растопено црно чоколадо.
6. Оставете ги во фрижидер најмалку 30 минути додека да се стегнат.
Совет: За поинтензивен вкус, користете висококвалитетно црно чоколадо со поголем процент на какао.
💡 Нутритивна и практична вредност
Овие посни енергетски топчиња се одличен избор за:
• посен појадок или ужина
• здрава алтернатива на купечки слатки
• домашни протеински бомбици
• десерт без печење за гости
Комбинацијата од банана, јаткасти плодови и какао обезбедува природна енергија, растителни влакна и антиоксиданси.
Воедно, подготовката не бара кујнски апарати, освен сад и виљушка, што ги прави идеални за брза домашна подготовка. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:




































