Ќе ви претставиме два рецепти за многу вкусни посни зеленчукови чорби кои се многу здрави и се препорачува да се јадат не само за време на пост, туку и преку целата година. Рецептот и видео презентацијата се од Јелена Петровиќ – Бабината кујна.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 1/2 страк праз, 2 моркови, 1 корен од целер со малку лист, 1 корен од магдонос, 1/2 помала главица зелка, 1-2 раце грашок, 1 свежа црвена пиперка, 1 компир, 1 шолја за кафе ориз, 2-3 ловорови листови, 1/2 лажичка црн пипер во зрно, 1 супена лажица сув зеленчуков зачин, сол и мелен црн пипер по вкус, малку свеж магдонос
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Најпрво сиот зеленчук добро исперете го под млаз ладна вода, па исчистете го и излупете го по потреба. Еден морков изрендајте, а вториот исечкајте го на тркалца. Останатиот зеленчук исечкајте го на ситни коцки, а оризот исперете го во неколку води.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во високо тенџере загрејте малку масло па запржете го ренданиот морков, 1-2 минути додека да омекне. Потоа додајте го празот исечкан на тркалца, промешајте, па заедно динстајте ги под капак уште неколку минути. Додајте малку вода колку да не е суво дното.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа додајте го морковот исечкан на тркалца и сечканата пиперка, промешајте, проверете дали има течност на дното и динстајте под капак. Потоа додајте го остатокот од зеленчукот и налејте вода да се покрие. Додајте црн пипер во зрно и ловоров лист.

![]()
![]()
![]()
![]()
Поклопете и гответе под капак на умерено-тивок оган. Откога ќе зоврие варете уште 20 минути, а потоа додајте го оризот, претходно добро испран. Продолжете со готвење под капак со повремено промешување сè додека зеленчукот да омекне.





Некаде пред крајот отстранете ги ловоровите листови и зачинете со сув зеленчуков зачин, сол и црн пипер по вкус, а на самиот крај додајте го ситно сечканиот магдонос. Вашата витаминска чорба е готова и можете да ја послужите. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а следува рецептот за витаминската чорба со спанаќ:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 2): 1 врзоп млад кромид или 1 главица стар кормид, 2 поголеми моркови, 1 голем корен пашканат или корен од магдонос, 2 помали компири, 200 – 300 г спанаќ, 4 лажици ориз, 2 чешниња лук, малку масло, сув зачин, црн пипер, магдонос
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Спанаќот добро измијте го, исцедете го и ситно исечкајте го. Морковот ситно исчекајте го или изрендајте го, па на малку масло пропржете го (ренданиот морков пропржете го, а вториот исечете го на тркалца и малку подоцна додајте го во чорбата).
![]()
![]()
![]()
![]()
Младото кромитче исто така ситно исечкајте го на крукчиња, како и пашканатот, па додајте ги во динстаниот морков. Промешајте и оставете да се динста под капак на ниска до умерена температура.
![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа додајте го спанаќот, ситно сечканото лукче, сечканите компири, па кога ќе омекне зеленчукот налејте вода, додајте претходно испран ориз и зачинете по вкус, па гответе додека сиот зеленчук да омекне. Пред крајот додајте ситно сечкан свеж магдонос. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.











