Омилениот ролат со семе од афион се приготвува од тесто со квасец кое потребно е неколкупати да ферментира. Може да се направи во форма на ролат, но може да се пече и во куглоф, во форма на цвет.




Дури, може да се приготви и од готови кори за баклава која го заменуваат тестото. Овојпат, ви претставуваме еден одличен рецепт за посна штрудла со мак, брза, едноставна за подготовка и многу вкусна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто): 200 мл вода, 1 лажица шеќер, 7 г сув квасец (20-25 г свеж квасец), 125 г маргарин, 450 г брашно + малку додека се развлекува тестото. ЗА ФИЛ: 400 г мелен мак, 150 г шеќер, 2 лажици гриз, 300 мл чај од камилица или некој по ваш избор, 4 лажици џем (најдобро некој домашен кој не емногу цврст).




ПОСТАПКА: Најпрво се приготвува филот: прелијте две кесички чај со врела вода и оставете 1-2 минути. Извадете ги кесичките, додајте гриз и шеќер, па промешајте добро да се соедини. Со оваа смеса прелијте го макот. Ова правете го додека смесата сè уште е топла. Промешајте, па додајте го џемот.




Проверете да не е прегусто, да не е суво и да се рони, туку да може да се мачка, но сепак да не е преретко па да тече од страните. Приготвениот фил оставете го на страна да се лади. За тоа време пригответе го тестото.




Во топла вода растворете го квасецот заедно со шеќерот, па оставете 5 минути да се активира. Половина од брашното просејте го во еден сад, па додајте го омекнатиот маргарин на собна температура. Додајте го активираниот квасец и убаво сè промешајте. Со постепено додавање на остатокот од брашното замесете меко и мазно тесто.




Веднаш поделете го на два дела. Во плех ставете хартија за печење и намастете со малку масло. Едната половина од тестото развлечете ја со помош на оглагија во кора со ширина и должина според димензиите на плехот.




Врз кората нанесете половина од филот и рамномерно премачкјате преку целата површина. Има доста фил, па затоа не грижиете се, ставете доволно. Малку краевите превиткајте ги кон внатрешна страна за да добиете правилни страни, па внимателно свиткајте го ролатот.




Истата постапка повторете ја и со вториот ролат. Растопете малку маргарин па премачкјате го тестото и избоцкајте го на неколку места за да не се надуе горната кора и да се одвои од филот. Ставете во ладна рерна и вклучете на 180 степени.




Мене ми беше потребно вкупно еден час печење од времето на вклучување на рерната. Печената штрудла премачкјате ја со маргарин и оставете да се олади. Потоа можете да се сечете и да се сладите во нејзиниот вкус. Рецепт на domaсirесерti.net