ПОСНА САРМА ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ…Поради 1 состојка ќе биде многу повкусна од мрсната…убедливо најдобра!Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 големи или 3 мали главици кисела зелка
7 главици кромид
4 моркови
300 г ориз
1 китка магдонос
сол, зачин, црн и црвен пипер

За прелив помешајте:
150 мл доматен сок
1 чаша вода 200 мл
сол, зачин, ловоров лист црн пипер во зрно
вода по потреба

Се готви во рерна 30 минути на 180 степени, а потоа се намалува и се готви уште 1.5 час.

ПОСТАПКА:

Испржете го ситно сечканиот кромид, додајте рендан морков и дунстајте додека да омекне. Додајте измиен ориз, зачинете и промешајте. на крај додајте ситно сечкан магдонос.

Во длабоката тава наредете ред листови од зелка, неколку ловорови листови и црн пипер во зрно, па наредете ги свитканите сарми. Одозгора сипете го преливот и уште малку вода колку да се прекријат сармите.

Покријте со листови зелка, ставете капак и печете вкупно 2 часа (30 минути на 180 степени, а потоа се намалува и се готви уште 1.5 час).

Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: