Оваа салата е една од омилените на славските трпези. Токму оваа празнична салата е претежно позната како мрсна, но подеднакво е вкусна и во посна варијанта. Рецептот за посна pycка салата кој ви го пренесуваме е испробан, а салатата излегува многу вкусна.
Посниот мајонез може да го купите, но може и сами да го направите. Треба да земете во предвид дека според вкусот на мајонезот кој ќе го одберете, во голема мера ќе зависи и вкусот на самата салата. Под првиот рецепт, можете да го прочитате и рецептот на Ивана за многу вкусна, посна салата, со компири и посен мајонез.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г грашок, 200 г компири, 200 г морков, 5 кисели краставички, 200-300 г посен мајонез, сол, црн пипер, алева пиперка и зачински билки како оригано, босилек и слично, по ваш вкус
ПОСТАПКА: Излупете ги и сварете ги компирите и морковите во посебни садови, затоа што за различно време се сваруваат. Згответе го грашокот. Процедете го целиот зеленчук за да се отстрани вишокот вода, а потоа исечкајте ги компирите и морковите на ситни коцки, како и краставичките. Во поголем сад измешајте го целиот сварен зеленчук.
Зачинете со сол и зачински билки по вкус, додајте посен мајонез и внимателно измешајте. Салата оставете да се излади убаво во фрижидер. Сервирајте во помали чинии и по желба украсете со магдонос.
I РЕЦЕПТ – Компир салата со моркови и кисели краставички – ПОСНО. Сочна и едноставна сталата која кај мене дома за час се изедува, многу е вкусна па може редовно да ја приготвувате, а особено е погодна за посни денови. / Видео презентација на Ивана од „Шерпица“.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компир, 150 г целер, 1 главица кромид, 500 г морков, 250 г посен мајонез, 200 г кисели краставички, 1 лажица сенф. И уште: малку сол, малку црн пипер, неколку лажички од течноста од теглата на киселите краставички
ПОСТАПКА: Зеленчукот добро измијте го и сварете го со кора. Оставете да излади па излупете го. Краставичките ситно изрендајте ги, измешајте ги со мајонез, сенф, посолете и запиперете. Додајте и киселина од теглата на краставичките. Компирот исечете го како за потенок помфрит.
Салатата ја филував на чинија врз која ставив калап. Редете: компири, премаз од кисели краставички, рендан морков и целер, пак компир и така наизменично. Оставете ја салатата во фрижидер да се стегне и да се спојат вкусовите. Извадете од калап и декорирајте по желба.
Салатата можете да ја измешајте и во чинија, стаклена или декоративна, каква имате, па да ја декорирате по ваш избор и вкус. Деталите од целата постапка на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.