Сигурно ќе сакате да си го запишете рецептот за оваа прекрасна посна погача која освен за посни слави и празници ќе ја правите и преку целата година без некој посебен повод, толку многу е вкусна и мека. Еве што ви е потребно според рецептот на Аница Обрадовиќ Живковиќ:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 мл млака вода, 1 коцка квасец (40 г), 1 супена лажица шеќер, 1.5 супена лажица сол, 100 мл масло (70 мл + 30 мл), 1 супена лажица јаболкова или винска киселина, 1 кг брашно + уште малку за домесување, 150 г маргарин, 2 лажици посен мајонез, семки, сусам, ленено семе и др. по желба
ПОСТАПКА: Во еден помал сад растопете го квасецот, додајте 200 мл млака вода, една супена лажица шеќер и една супена лажица брашно. Добро промешајте за да нема грутчиња и оставете на топло место 15-тина минути или додека да се активира квасецот и да запени.
Во подлабок сад за месење ставете приближно 600 г брашно, една ипол лажица сол, па промешајте. Во средината направете вдлабнување како бунарче, па тука постепено додавајте 400 мл млака вода, 70 мл масло за готвење и една лажица јаболкова киселина.
Промешајте лесно со лажица или кујнска шпатула и додајте го активираниот квасец. Мешајте додека да добиете еднолична смеса, а потоа додавајте го остатокот од брашното, малку по малку за да можете точно да ја одредите неговата количина.
Кога тестото ќе стане доволно цврсто, остатокот од брашното додајте го и замесете со рака. Кога ќе се обликува во топка прелијте го со 30 мл масло, превртете го и уште малку домесете го за да го апсорбира маслото и да се измазни. Покријте го и оставете го да ферментира еден час или додека убаво да го удвои волуменот.
Стасаното тесто истресете го врз лесно набрашнета работна површина и малку премесете го. Откинете едно топче со приближна тежина од 180 г кое ќе се постави во средината од погачата. Остатокот од тестото поделете го 10 еднакви делови од по 160 г и обликувајте ги во топчиња.
Покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути под кеса. Потоа земете едно топче и развлечете го врз малку набрашнета површина, малку со рацете и малку со оклагија, да добиете кора со величина на плитка чинија.
Премачкјате ја со омекнат путер па преклопете ја со друга кора. Постапката повторувајте ја додека да наредите пет кори во еден куп, со тоа што последната кора не се премачкува. На овој начин треба да добиете две купчиња со по пет кори.
Потоа секој од куповите развлечете го во голема тенка кора. Исечете ги на 8 триаголници, така да добиете вкупно 16. Тепсија со пречник од 32 см обложете ја со хартија и со маргарин премачкјате ги ѕидовите. Редете ги триаголниците така што секој нареден малку го поклопува претходниот (како за „Слоново уво“ или „ѓеврек погача“).
Откако ќе ги наредите осумте триаголници до половина тепсија, во средината поставете ја топката од 180 г, на ист начин продолжете да ги редете остатокот од триаголниците. Покријте ја погачата со кеса и оставете ја да стасува половина час.
Потоа премачкајте ја со мешавина од по две лажици посен мајонез и посен маргарин и наросете со семе и семки по желба. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 40-45 минути. Печената погача премачкјате ја со остатокот од растопениот маргарин и оставете да се олади. Рецепт на Аница Обрадовиќ Живковиќ.