Home Посно јадење ПОСНА Планинска КРЕМ СУПА…Брза, здрава и неодоливо вкусна, за 20 минути!

ПОСНА Планинска КРЕМ СУПА…Брза, здрава и неодоливо вкусна, за 20 минути!

Тајната на планинската крем супа – Брза, посна, здрава и неодолива за 20 минути!

Дали сте подготвени да ги стоплите вашите сетила со една едноставна, а неверојатно вкусна супа?

Оваа планинска крем супа со овесни снегулки и зеленчук е вистинска магија во чинија – здрава, лесна за подготовка и готова за само 20 минути, пишува НМД.

Совршена за студените денови или кога ви треба брз, хранлив оброк што ќе ве освои со првата лажица! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки (за 5-6 лица):

– 2 лажици маслиново масло (или обично масло за готвење)
– 12 лажици овесни снегулки
– 2 средно големи моркови (рендани или ситно исечкани)
– 1-2 литри зеленчуков бујон (или вода со коцка за супа)
– Сол и црн пипер по вкус
– Свеж или сув власец (по желба, за дополнителен шмек)
– НМД

Корисни алатки:

Мултисечко за зеленчук, цена ОВДЕ. Садови за чување зеленчук, цена ОВДЕ. Големо тенџере, цена ОВДЕ. Комплет тенџериња, цена ОВДЕ. Стаклено тенџере, цена ОВДЕ. Нелепливо тенџере, цена ОВДЕ.

Миксер, цена – ОВДЕ. Кујнска вага, цена ОВДЕ. Калап за печење, цена ОВДЕ. Цедалка за лимон, цена ОВДЕ. Силиконска шпатула, цена ОВДЕ. Машина за мелење ореви, цена ОВДЕ.

Кујнски крпи, цена ОВДЕ. Садови со капаци во разна големина, цена ОВДЕ. Нелепливи 3 силикони, цена ОВДЕ. Кутија за колачи, цена ОВДЕ. Жица за матење, цена ОВДЕ.

Постапка:

Во тенџере со 2 лажици масло на средно висока температура пропржете ги овесните снегулки додека да добијат златна боја.

Сипете го зеленчуковиот булјон и оставете да врие 5 минути, зачинете по вкус, додајте го морковот и оставете да се готви 20 минути, поклопено, на тивок оган.

На крај, по желба, додајте свеж или сув власец за финална свежина и арома или пак, ситно сечкан магдонос..

Сервирајте ја топла, со парче свеж леб или по желба – оваа супа е толку вкусна што ќе сакате уште!

Уживајте во нејзината едноставност и богат вкус! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: