Посна ДВОБОЈНА ПРОЈА…Со мерки на чаша…Многу брз и едноставен рецепт за пченкарна пита…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

3 чаши пченкарно брашно
3 чаши бело пченично брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 чаша масло
4 чаши газирана вода
2 лажички сол или по вкус
4 лажици ајвар или 2 лажици црвен пипер во прав
сусам
по желба посен мајонез
растителен кашкавал

ПОСТАПКА:

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Во подлабом сад измешајте ги брашната со прашокот за печиво, па посолете и додајте масло и 3 чаши газирана вода.

Последната (4.чаша) додајте ја постепено. Убаво измешајте да нема грутчиња и смесата поделете ја на 2 дела.

Смесата е малку поретка, но таква треба да биде. Во првиот дел додајте ајвар и измешајте. Сипете го во тепсија бр.28 (или поголема) обложена со хартија и ставете да се пече 5-6 минути во загреаната рерна.

Потоа одозгора сипете го и жолтиот дел, посипете сусам и вратете во рерна да се допече уште 30 минути. Мека е и вкусна како да е правена со јајца.

По ѓелба можете да ја премачкате со посен мајонез и да изрендате растителен кашкавал. Но секако е многу вкусна. Постапката погледнете ја ОВДЕ: