Првутот е проблем со кој се среќаваат голем број луѓе. Пред сè, првутот во косата не изгледа естетски убаво, па поради многумина се обидуваат со различни начини за да се ослободат од овој проблем.
Од тие причини се фрлаат многу пари на скапи шампони и препарати кои привремено го решаваат проблемот, а понекогаш прават повеќе штета отколку корист.
При третирањето на проблемот со првутот треба пред сè трпение, бидејќи постојат и природни начини за решавање на овој проблем.
Потребни состојки:
¼ чаша јаболкова киселина
¼ чаша вода
Постапка:
Направете раствор на јаболкова киселина со вода во однос 1:1 и добро промешајте. Смесата нанесете ја преку целата глава, завиткајте со кеса и гиксирајте со пешкир. Оставете да делува 15 минути.
Потоа исплакнете со ладна вода. Постапката повторувајте ја барем 2-3 пати седмично, но уште при првото нанесување ќе забележите голема промена.
Многу е важно да се плакнете со ладна вода и доколку користите фен истиот да го држите на што поголемо растојание.
Со текот на времето косата ќе ви стане посјајна и со секој ден ќе имате сè помалку првот. Кожата на скалпот ќе ви се обнови и ќе дише слободно.
Исто така, во овој процес може да помогне и лимонот. Сè што треба да направите е да го втриете свежиот лимонов сок во темето. На тој начин ќе се дезинфицира и ќе се намали појавата на првут.
Постапката со лимон треба да се спроведува најмалку еднаш седмично.