Домашни ќебапи со зеленчук во тортиља или лепиња – подобри од ресторански
Заборавете на купечките ќебапи! Овие домашни ќебапи со зеленчук, печени во рерна и послужени во тортиља или лепиња, се сочни, ароматични и совршено избалансирани по вкус.
Подготовката е едноставна, без посебна опрема, а резултатот е заситно и здраво јадење кое со право заслужува десетка. Идеално за семеен ручек или брза вечера со ориентален шмек, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

✅ Не купуваме ќебапи однадвор! Домашни ќебапи во тортиља – сочни, миризливи и неодоливи 😍
Потребни состојки
За ќебапите:
• 700 г мелено месо (помасно)
• 1 голем кромид
• 2 црвени пиперки
• 1 врзоп магдонос
• 4 чешниња лук
• 1 лажичка сол
• 1/2 лажичка црн пипер во прав
• 1 лажичка црвен пипер во прав
• НМД
За салата од кромид:
• 1 голем кромид
• 1 врзоп магдонос
• 2 домати
• 1 лажичка зачин (буковец)
За сервирање:
• Зелени пиперки (печени)
• Тортиљи или лепињи
Сочни домашни ќебапи со зеленчук, печени во рерна и сервирани во тортиља или лепиња. Лесен, вкусен и проверен рецепт за целото семејство.

Постапка
1. Подготовка на зеленчукот
Кромидот, пиперките, магдоносот и лукот ситно исечкајте ги со нож или во сечко.
Важно е по сечкањето добро да ја исцедите течноста од зеленчукот, за смесата да не биде водлеста при печењето.
2. Подготовка на месото
Во длабок сад ставете го меленото месо, додајте го исцедениот зеленчук, солта, црниот пипер и црвениот пипер. Мешајте додека да добиете компактна и изедначена смеса.
3. Формирање и печење
Намастете тавче со малку масло и со намастени раце рамномерно распоредете ја смесата, лесно притискајќи за да се израмни. Со лажица или шпатула оформете линии, како класични ќебапи.
Печете во претходно загреана рерна на 200 °C, околу 20–30 минути, додека убаво да заруменат и да го испуштат вишокот маснотија.
4. Салата од кромид
Кромидот исечкајте го на тенки ленти, додајте ситно сечкан магдонос и зачин.
Со рака добро измешајте и нежно истискајте за да се ублажи лутината. Додајте ги ситно сечканите домати и повторно промешајте.
5. Зелени пиперки
Испечете ги пиперките на рингла, во тава или во рерна, па по желба излупете ја лушпата.
6. Сервирање
Во тортиља или лепиња ставете парче од ќебапот, додајте салата од кромид и печена пиперка, па свиткајте. Послужете веднаш.
Зошто ќе ви стане омилен рецепт?
• лесен и сигурен начин за сочни домашни ќебапи
• без скара – сè се подготвува во рерна
• идеален за целото семејство
• совршен за оброк „во движење“. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












