Откако неколку години била во брак, таа станала мајка, а потоа се развела. Лаура Лифшиз застанала да направи увид и ретроспектива на својот живот за да може подобро да се сфати себеси и своите грешки. Само кога човек ќе се сфати себеси, ќе увиди со кои очи го гледаат другите.
Кога Лаура погледнала во ретровизорот на својот живот, таа воочила неколку клучни грешки кои ги направила во љубовта, а кои како што таа тврди, повеќе никогаш нема да ги повтори. Лаура веќе две години како е разведена, а од сè што и се случило го научила следното:
ГИ ИГНОРИРАВ ДОБРИТЕ МОМЦИ, ТИЕ НЕ МЕ ПРИВЛЕКУВАА. Всушност, оние жени кои немаат самодоверба, никогаш не ги привлекуваат добри момци. Кога за себе имаат најлошо мислење и се плашат од средината, тие имаат тенденција да бидете со луѓе поради кои ќе се чувствувате уште полошо.
Тоа е како некој програм во мозокот кој и мене ми се случи. Отсега ќе излегувам и со добар маж, но не само затоа што е пристоен, туку ќе му дадам шанса, бидејќи истата ја заслужувам и јас.
СÈ МУ ПРЕПУШТАВ НЕМУ: На необичен начин се „лепев“ за такви „пропалитети“, наместо да оставев тие мене да ми се додворуваат. А кога некој ќе ми се додворуваше, тој не ми беше интересен и го игнорирав (бидејќи, во најголем број случаи тоа беа добри момци).
Мојот бивш сопруг пак ми досадуваше многу често, и тоа на крајот му „запали“. Мажите сакаат да знаат дека ја заслужиле љубовта на жената, а не да им се фрлите пред нозе. Тогаш за нив престанувате да бидете интересни и ве гледаат со други очи. Тие имаат потреба постепено да ве освојуваат.
ЈА ГОВОРЕВ ВИСТИНАТА И ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО Е ПОТРЕБНО. Секогаш откривав премногу за себеси, и тоа веднаш на самиот почеток, па повеќето мажи не се задржуваат предолго во врска со мене, и брзо го губеа интересот за мене. Меѓутоа, сфатив дека тоа беше така затоа што секогаш одбирав пропалитети од најдолен вид.
Дали таквоте типови го заслужиле моето срце на чинија? Веројатно не, а оние кои го заслужиле, нив со своето однесување ги исплашував, па тие бегаа од мене. Научив дека не е добро секогаш премногу да се открива за себеси. Партнерот треба да ја заслужи таа привилегија, да знае сè за вас и за вашите животни искуства.
ТОЛЕРИРАВ НЕПОЧИТУВАЊЕ И МНОГУ БРЗО ПРОСТУВАВ. Тоа го правев во врските, особено во моите 20-ти, а продолжив да го правам и во бракот. Оние со кои бев во врска не ме почитуваа, а кога ќе ми згрешеа ќе дојдоа со едно „извини“, па јас повторно ги прифаќав. Немојте да му простувате никому кој не ве почитува.
Таквите секогаш заслужуваат црвен картон. Една љубезна личност секогаш може да каже нешто непромислено, но никогаш нема да ве навреди. А јас им дозволував да ме третираат како кукла: Својата среќа ја врзував за неговата љубов кон мене, а кога нешто ќе тргнеше лошо, па ќе pacкиневме, таа среќа исчезнуваше од мојот живот заедно со него.
ПОБРЗАЈ-ПОЛЕКА. Почетната хемија и хормоните кои се интензивни на самиот почеток, не можат воопшто да се споредат до благосостојбата на долгорочната врска. Мојата среќа зависеше од другите: Многу ми значеше некој да ме сака, а кога тоа ќе престанеше, станува депpecивна. Никој не сака да биде отфрлен, но ако ја мериш својата среќа според постапките на другите, тогаш ќе живееш „јаден“ живот.
МАЖОТ НЕ ГО ПОСАКУВАВ, ТУКУ МИ ТРЕБАШЕ: Да имаш потреба од маж воопшто не е привлечно. Тоа е само начин да надоместиш нешто што ти недостига, преку друга личност. Треба да имаш потреба да сакаш некого, но тоа да не е причина за твоето постоење.
ТРЕБАШЕ ДА БИДАМ ПООПУШТЕНА, и секако, да се забавувам додека го запознавам новиот, да откријам што сакам, што ми одговара и како би уживала. Не бев среќна со она што го имав: требаше да yживам во својот живот, без разлика дали во неговиот живот има или нема маж.
ПРЕМНОГУ СЕ ОПТОВАРУВАВ СО МАЖИТЕ. А требаше да се свртам кон себеси. Не требаше да се чувствувам непотполно, празно, само затоа што сум сама, затоа што немам маж покрај себе. Сега дури во моите 30-ти почнав да yживам во животот, и тоа две години откако се разведов, среќна што сум конечно сама.