„Колачот го видов на некој турски сајт и одлучив да го испробам. Го направив за нашата слава и сите беа воодушевени. Многу е декоративен, многу лесно се приготвува, а вкусот на овој колач е нешто посебно“, вели Драгана Ѓорѓевиќ.

За подготовка ќе ви бидат потребни само 5 состојки, а во продолжение прочитајте го и рецептот на Верица Николиќ за вкусните и здрави, посни бомбици со урми. Еве што ви е потребно:

Рецепт 1: Посен колач со урми и кикирики – рецепт и фотографија на Драгана Ѓорѓевиќ




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (на Драгана Ѓорѓевиќ): 300 г печени, несолени кикирики, 200 г меки (свежи) урми, 100 г бело посно чоколадо (може да се најде во продавници за здрава храна), 2 супени лажици масло, 50 г печен/истостиран сусам.

Рецепт 2 – топчиња со урми и лешници – Верица Николиќ

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (на Верица Николиќ): 200 г урми, 120 г лешници, 40 г какао, 1 прстофат сол, 1-2 лажички вода по потреба или кокосово масло (по желба). ЗА ВАЛКАЊЕ НА ТОПЧИЊАТА: 100 г мелени ореви/лешници/кекси/сусам/какао во прав/чоколадни трошки




ПОСТАПКА за рецепт 1: Доколку кикириките што сте ги набавиле се сирови, потребно е најпрво да ги испечете. Ставете ги во сув плех и печете ги во рерна на умерена температура со повремено промешување додека малку да заруменат. Потоа оставете ги да се оладат, па сомелете/изблендирајте ги ситно.




Урмите доколку не се меки, претходно оставете ги малку закиснати да отстојат во топла вода, сок, рум или нешто по ваш вкус, па исцедете ги и сомелете ги, па додајте ги во мелените кикирики. Промешајте за рамномерно да се изедначат состојките.




Од добиената смеса формирајте три валјачиња кои треба да извалате во сусам. Сусамот е најдобро да го пропжите во сува тава, неколку минути колку да го пушти убавиот мирис и сосем малку да пожолти.

Посен колач со урми и кикирики – рецепт и фотографија на Драгана Ѓорѓевиќ




Откако добро ќе се нафати сусамот на валјаците, низ средината на секој притиснете со дршката од дрвена лажица за да се направи вдлабнување како каналче. Белото чоколадо растопете го на пареа со две лажици масло, па пополнете ги вдлабнувањата.




Декорирајте по желба. Јас ставув печен лешник, а може о преви. Кога чоколадото ќе се олади на собна температура, колачот оставете го да отстои 12 часа во фрижидер (преку ноќ), а потоа колачот сечете го на парчиња и послужете го во украсни хартиени корпички. Рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ. Прочитајте ја постапката и за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Урмите прелијте ги со топла вода и оставете ги 15-тина минути да омекнат. Потоа исчистете ги од семките и исечкајте ги на коцкички за да можат полесно да се сомелат и да не се лепат при мелењето.

топчиња со урми и лешници – Верица Николиќ

Лешниците ставете ги во некој помоќен „сечко“ или блендер и сомелете ги само со неколку „пулса“, колку да се иситнат, но не премногу ситно. Потоа додајте ги мелените урми, прстофат сол и какаото.

топчиња со урми и лешници – Верица Николиќ




Миксајте додека сите состојки да се соединат, а по потреба додајте малку вода или растопено кокосово масло (1-2 лажички). Кога смесата ќе се изедначи, црпете од неа со мала лажичка и со влажни дланки формирајте топче.




Соодветен сад прекријте го со хартија за печење или фолија, па редете ги направените топчиња. Потоа валкајте ги во кокос, мелени ореви, мелени лешници или нешто по ваш избор и редете ги во тацна за послужување, па оставете ги во фрижидер малку да се стегнат. Во фрижидер, во добро затворен сад, можат да останат свежи и до 10 дена. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.