Рецепт и видео презентација на BonApeti.rs – ориз на манастирски начин.

Овој богат и ароматичен ориз кој го консумираат монасите, се приготвува според стар манастирски рецепт. Може да биде идеален прилог на главното јадење, но исто така, може да се послужи и како главно јадење, за вечера или ручек доколку постите.

Потребни состојки:

1 ½ шолја ориз
500 мл вода
1 главица кромид
2 големи пиперки (црвена и зелена)
10 црни маслинки
1 морков
1 мала тиквичка
2 лажици доматно пире
150 г свежи печурки
сол
масло
сечкан магдонос
1 лажица суво нане

Постапка:

Измијте го оризот во 7 води и процедете го. Прелијте го со врела вода 1:2 (на 1 шолја ориз, 2 шолји вода) и ставете на оган да зоврие, па намалете на умерена температура и варете додека да ја апсорбира течноста.

Во посебен поголем сад загрејте 80-100 мл масло и запржете го најрво сечканиот кромид, па додадете го сечканиот морков, пиперката и печурките. Целиот зеленчук исечкајте го претходно да ви биде подготвен.

Штом омекне зеленчукот, додадете ги маслинките и ситно исечканат тиквичка (таа е сочна и мека, па нема потреба од долго готвење).

Зачинете со малку сол и црн пипер по вкус. Додадете и доматно пире, па откако зеленчукот убаво ќе омекне, додадете го и оризот, па промешајте.

Зачинете со зачини по ваш вкус, па кога оризот ќе биде целосно готов и ќе ги впие соковите од зеленчукот, тргнете го од оган. Наросете со свежо сечкан магдонос и послужете го ова превкусно јадење.

Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.