Потребни состојки:
450 г брашно
1 лажичка сода бикарбона
200 г шеќер
1 замрзнат портокал
350 мл кисела вода
70 мл масло
За фил:
200 г шеќер
100 мл вода
1 ванилин шеќер
80 г кокос
100 г мелени бисквити
2 лажици џем од кајсија
За глазура:
100 г чоколадо
малку масло
Постапка:
Брашното помешајте го со сода бикарбона, додадете шеќер.
Портокалот изрендајте го и додадете го во брашното. Налејте кисела вода и масло.
Печете во подмачкан плех на 200 степени.
Шеќерот и водата зовријте ја, додадете бисквити, кокос и џем. Врелиот фил премачкајте го врз топлиот колач.
Одозгора прелијте со чоколадо.
novi-recepti.com