Фото и рецепт: Александра Шуманова

Рецептот за овој многу вкусен посен колач ни го претстави нашата драга членка Александра Шуманова во групата НМД рецепти. Брзо се приготвува, се мешаат сите состојки и додека се пече прекрасно ќе ви замириса кујната.

Потребни состојки:

400 мл вода (може и газирана)
12 лажици шеќер
20 лажици брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
8 лажици ореви (4 мелени + 4 сечкани)
4 лажици џем од кајсии

Постапка:

Сите состојки убаво ги матите со миксер во поголем сад додека да добиете хомогена смеса. На крај ги додавате оревите и промешувате.

Добиената смеса излејте ја во тепсија бр.28 претхоно намастена и побрашнета. Ставете да се пече во загреана рерна на 190 степени околу половина час. Проверете со чепкалка дали е добро печен колачот.

Уште додека е топол печениот колач, штом го извадите од рерна премачкајте го со џем од кајсии преку целата површина и обилно наросете го со сечкани/мелени ореви.

Фото и рецепт: Александра Шуманова