ПОСЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА, ОРЕВИ И СУВО ГРОЗЈЕ (на вода, без капка масло)…Многу вкусен и сочен…измешај и испечи…Ова е еден од оние колачи кои ќе сакате да ги имате секој ден за со кафе или чај…Еве што ви е потребно:

Рецепт и фото на Зорица Ѓорѓевиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт и фото на Зорица Ѓорѓевиќ):

15 лажици вода
15 лажици шеќер
3 големи јаболка рендани
рендана кора од лимон
100 г крупно сечкано ореви
1 рака суво грозје (јас имав суви вишни)
15 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
2 лажици гриз
малку цимет
плех со средна големина

За сируп:
200 мл вода
200 г шеќер
2 кесичка ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

1.По 15 лажици вода и шеќер ставете на оган да зоврие.

2.Тргнете од оган и истурете ги внатре ренданите јаболка и додајте рендана кора од лимон. промешајте.

3.Додајте ги по ред сите наведени состојки: ореви, суво грозје, брашно, прашок за печиво, сода, гриз и малку цимет. Убаво промешајте.

4.Плехот обложете го со хартија за печење, па на дното посипете сечкани ореви. Излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја.

5.Печете 15 минути во загреана рерна на 200 степени, па намалете на 180 степени и печете уште 20 минути. Оставете да се олади.

6.Сварете го сирупот од наведените состојки (да зоврие и да се растопи шеќерот). Со топлиот сируп прелијте го оладениот колач и оставете да го впие. Рецепт и фото на Зорица Ѓорѓевиќ

Рецепт и фото на Зорица Ѓорѓевиќ