Посен гулаш со печурки што има вкус како од ресторан – два едноставни рецепти што секој може да ги направи
Посниот гулаш може да биде изненадувачки богат, густ и ароматичен – дури и без месо.
Тајната што ја користат многу професионални кујни е долго и бавно динстање на кромидот и печурките, со што се извлекуваат природните ароми и се создава длабок вкус.
Кога на тоа ќе се додадат добро избрани зачини, домат и свеж зеленчук, се добива јадење што лесно може да конкурира на класичниот гулаш.
Затоа во продолжение ви предлагаме две проверени верзии на ова вкусно посно јадење – едната со побогат вкус од печурки, а другата со компир што природно го згуснува сосот, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1
Посен гулаш со шампињони и праз
Потребни состојки
• 500 г шампињони
• 1/2 праз
• 1 главица кромид
• 1 морков
• 3 чешниња лук
• 1 лажичка брашно
• 1 лажичка црвен пипер
• 1 лажичка лут црвен пипер
• 1 лажичка сув зачин (по желба)
• 2 ловорови листа
• 150 мл доматен сок
• 150 мл вода
• сол по вкус
• црн пипер по вкус
• масло за готвење
Постапка
1. Празот и кромидот ситно исечкајте ги, морковот изрендајте го, шампињоните исечкајте ги на тенки листови, а лукот ситно исечкајте го.
2. Во загреано масло во тенџере додајте ги кромидот, празот и морковот. Посолете и динстајте ги додека да омекнат и лесно да се карамелизираат, бидејќи токму тоа му дава подлабок вкус на гулашот.
3. Додајте ги шампињоните и динстајте додека да испари вишокот течност што ќе ја пуштат.
4. Додајте го брашното и промешајте, па додајте го црвениот и лутиот пипер.
5. Сипете доматен сок и вода, па додајте сув зачин, црн пипер и ловорови листови.
6. Поклопете и динстајте на тивок оган околу 30–40 минути додека да се соединат вкусовите.
7. Пред крај додајте го лукот и гответе уште околу 5 минути.
Како да се послужи
Овој посен гулаш одлично се комбинира со:
• свеж домашен леб
• тестенини
• посно компир пире

РЕЦЕПТ 2
Посен гулаш со печурки и компир
Потребни состојки
• 2 главици кромид
• 2 моркови
• 1 црвена пиперка
• 300 г шампињони
• 2 компири
• 2 чешниња лук
• 2 лажици масло
• 1 лажица црвен пипер
• 1 лажица доматно пире
• 1 лажичка сув магдонос или сув целер
• 1 ловоров лист
• 700 мл вода или зеленчуков булјон
• сол по вкус
• црн пипер по вкус
• по желба малку лут црвен пипер
Постапка
1. Кромидот ситно исечкајте го и динстајте го на масло во тенџере додека да стане стаклест и благо карамелизиран.
2. Додајте ги морковите и црвената пиперка, па динстајте околу 5 минути.
3. Шампињоните исечкајте ги на листови и додајте ги во тенџерето. Посолете и динстајте додека да ја пуштат и испарат течноста.
4. Додајте го лукот, црвениот пипер и доматното пире, па кратко промешајте.
5. Сипете вода или зеленчуков булјон, додајте компири исечени на коцки и ставете го ловоровиот лист.
6. Гответе на умерен оган околу 40 минути додека компирите да омекнат, а гулашот да стане густ.
7. Пред крај додајте сув магдонос или сув целер и зачинете со црн пипер.
Ако сакате погуст сос, со виљушка изгмечете неколку парчиња компир директно во тенџерето.
Рестораниска тајна за побогат вкус
• Подолго динстање на кромидот создава природна сладост.
• Наместо вода користете зеленчуков булјон.
• Малку димен пипер може да даде арома што потсетува на класичен гулаш со месо.
• Гулашот често е уште повкусен следниот ден, кога состојките целосно ќе се соединат.
Постапката од првиот рецепт можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:




































