Вкусен и здрав десерт. Измешајте сè за 2 минути и завиткајте во фолија, брз десертен ролат без шеќер кој ќе ве воодушеви со својот вкус. Без печење, без шеќер и без замрзнување. Без брашно, без маснотии! Рецепт на Вкусна Минута.




Вкусен сладок ролат кој ќе ги израдува и возрасните и децата. Содржи многу семки така што претставува одличен извор на здрави масти и јаглехидрати. Можете да го нарекувате и енергетски бар, гранола ролат или едноставно слатка закуска.




Пред некое време, на НМД страницата беше објавен сличен рецепт за вкусен и здрав ролат кој на сите многу им се допадна со изглед и вкус. Многумина беа воодушевени од лесната постапка, бидејќи сепак подготвувате нешто здраво и брзо.




Овој рецепт е сличен на претходниот, но со малку изменети состојки. Ќе ве заслади со вкус и изглед, а штом го пробате ќе го правите постојано бидејќи сите ќе го бараат, а најмногу дечињата.

Потребни состојки: 30 г ленено семе, 50 г сончогледови семки, 100 г ореви, 150 г смокви, 150 г суви сливи, 100 г суво грозје, 100 г овесни снегулки, 25 г сусам. Постапка: Лененото семе пропржете го во тавче на умерена температура заедно со сончогледовите со постојано мешање додека да добијат златно-кафеава боја. Кога ќе ги истостирате/пропржите, ставете ги во чинија и тргнете ги настрана.




Оревите ситно исечкајте ги на дрвена даска. 150 г смокви, претходно отстојани во вода околу 10-тина минути исечкајте ги на 2-3 помали парчиња, во зависност од нивната големина и ставете ги во блендер.




Во блендерот додајте ги и сувите сливи и изблендирајте во еднолична смеса. Потоа во оваа смеса додајте го сувото грозје и повторно изблендирајте се. Треба да добиете леплива, густа смеса со конзистентност како на влажен песок.

Оваа смеса додајте ја во сечканите ореви, додајте ги и овесните снегулки, а на крајот пропржените ленени и сончогледови семки. Целата смеса „замесете“ ја со раце, но најдобро би било да користите ракавици додека го правите ова.




Соединетата смеса ставете ја на проѕирна фолија и добро распоредете во должина, да има секаде подеднакво. Завиткајте ролат за да го формирате обликот на десертот, а потоа одвиткајте го од фолијата.

Во фолијата наросете 25 г сусам и повторно валајте го ролатот така што ќе се обвитка со овие семки. Цврсто затегнете го во проѕирната фолија и ставете го во фрижидер на стврднување. Послужете на сечени помали ролатчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и вториот рецепт:

Втор рецепт: Само 3 состојки за совршен колач: Направете здрави чоколадни брауни кои можат да ги јадат и деца. Овие колачи не содржат глутен, шеќер, млачни масти ниту храна од животинско потекло. Многу брзо се приготвуваат, а уште побрзо се јадат.




За разлика од традиционалните брауни во кои се става масло, путер и шеќер, на овој рецепт не му се потребни такви намирници. Потребен ви е само здравиот компир батат, какао и путер од бадем.

Готов путер од бадем може да се најде во продавниците за здрава храна, а можете и сами и да си го направите, но можете да користите и некоја друга негова замена, како путер од кикирики или од индиски ореви.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 270 г пире од батат, 115 г путер од бадеми, 65 г какао, глазура од чоколадо по ваш избор. ПОСТАПКА: Најпрво вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, бидејќи колачот навистина многу брзо се приготвува. Во блендер ставете ги сварените компири и изблендирајте ги додека да добиете пире.




Потоа додајте го путерот од бадеми и какаото додека да добиете изедначена смеса. Добиената смеса прелијте ја во помал калап за печење обложен со хартија, па ставете да се пече во загреаната рерна 12 до 15 минути, односно додека да се испечат до крај. За да проверите дали е печено, ставете дрвена чепкалка во колачот, па ако е чиста кога ќе ја извадите, колачот е готов.




Ако чепкалката е влажна, печете уште некоја минута плус. Оставете го колачот да се олади до крај пред да го исечете и послужете. Врз колачите прелијте чоколадна глазура по ваш вкус (најобичната глазура се приготвува од чоколадо за готвење кое се растопува на пареа со малку масло за сјај).