Посен бурек од готови кори со праз, печурки шампињони и компир
Овој посен бурек е вистинско мало чудо – сочен, мирисен и неверојатно вкусен, а се подготвува брзо со помош на готови кори.
Комбинацијата од благ праз, печурки шампињони и рендан компир создава богат фил кој совршено се спојува со крцкавите слоеви.
Идеален е за постење, но и за сите оние кои сакаат лесна, а извонредно вкусна пита, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
За филот:
500 г готови кори за пита (1 пакување)
2 средни страка праз
400 г печурки шампињони
1 поголем компир
1 лажичка вегета/ сув зеленчуков зачин
1/2 лажичка лук во прав
малку свежо мелен црн пипер
сол по вкус
НМД
малку масло за пржење
За преливот:
250 мл газирана (минерална) вода
150 мл масло
1 лажичка сол
Постапка:
1. Празот исчистете го и ситно исечкајте го на тенки тркалца. Ставете го во подлабоко тавче да се пропржи на средна температура со малку масло додека омекне.
2. Печурките шампињони ситно исечкајте ги и додајте ги кај празот. Промешувајте додека течноста од печурките испари и тие омекнат.
3. Компирот изрендајте го и веднаш додајте го во тавчето за да не потемне. Промешувајте уште неколку минути додека сè убаво да се соедини и омекне.
Зачинете со вегета, лук во прав, црн пипер и сол по вкус. Тргнете го филот од оган и оставете го малку да се излади.
4. Во посебен сад подгответе го преливот: измешајте 250 мл газирана вода, 150 мл масло и 1 лажичка сол. Промешајте додека солта се растопи.
5. Загрејте ја рерната на 180 °C. Кружната тепсија (дијаметар 28–32 cm) убаво премачкајте ја со преливот и по дното и по ѕидовите.
6. Редење на бурекот: првата кора ставете ја на едната страна од тепсијата до половина, а втората кора ставете ја другата страна, така што краевите да висат надвор. Премачкјате ги корите со преливот.
7. Потоа земете трета кора, ставете ја целата внатре и малку згужвајте ја. Премачкјате ја со преливот. Распределете фил.
8. Повторете со четвртата кора – ставете ја целата внатре внатре згужвана, премачкајте ја, па ставете уште една кора на ист начин. Откако и неа ќе ја премачкате, распоредете фил.
Повторувајте ја постапката: две кори секоја премачкана, па фил.
9. Со последната кора убаво затворете одозгора, а вишокот на краевите нежно подбутнете внатре (како кога местите чаршав на кревет). Премачкјате со преливот.
10. Сега преклопете ги висечките делови од првите две кори – прво едниот, па другиот – и убаво подбутнете ги внатре. На крајот обилно премачкјате го целиот бурек со преливот.
11. Печете го во загреана рерна на 170-180 °C околу 35 минути додека убаво се зарумени одозгора.
12. Пред крајот на печењето, со помош на широка лопатка или две шпатули внимателно превртете го бурекот наопаку и допечете го уште 5–7 минути за да зарумени и долната страна.
Извадете го, оставете го 10-тина минути малку да се одмори, па исечете на парчиња. Послужете го топол – ќе биде неверојатно сочен и вкусен! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












